Занает - Изработка на сувенири од дрво

 

 

Охриѓанката Соња Трифуновскa веќе 10 години изработува уникатни предмети од дрво.Со вештите раце прави најразлични уметнички дела и предмети кои го разубавуваат просторот и предизвикуваат восхит.Kутии за накит, масички, даски ,староградска куќа,кајчиња,бродови,риби ,музички инструменти,сложувалки се само дел од предметите од дрво кои може да се најдат во Охрид кои со својата автентичност и уникатност се магнет за туристите. Уметничките предмети изложени пред сопствената куќа се восхит за многубројните минувачи.Страста на Соња во уметноста произлегува од природата што го опкружува нејзиниот прекрасен дом во Охрид, Македонија и нејзината сопствена имагинација. Таа сака да пренаменува и повторно да го користи дрвото за нејзините креации во нејзината продавница за обработка на дрво. Како уметник повеќе од 10 години, таа постојано бара нови инспирации.

Со оглед нa тоа што продавницата се наоѓа до самата црква Свети Јован Канео нема турист кој поминал а не прашал или се вооодушевил од богата палета на рачно израбoтените сувенири. Најбарани се оние афтентичните од Охрид, црквите ,рибите ,oхридскиот чун ,староградската куќа додека за најмалите пак најинтересни се сложувалките , омилените животински фигури и јунаци направени од дрво вели Соња. Најубаво ми е кога творам по сопствена инспирација, која ја наоѓам насекаде околу себе, особено при секојдневните авантури во природата и околу Охриското езеро.

 

 

Многу често се случува да имам и специјална порачка од некој што има посебна желба да му изработам најразличен предмет за себе или за подарок на пример,има и такви кои на лист хартија ми покажуваат што сакаат да имаат како сувенир и дали истиот може да се изработи вели охриѓанката Трифуновска.Производите изработени од дрвото кое е одличен украсен материјал нуди неограничени можности за креативните луѓе.Соња со своите раце и дрвото може да направи речиси се процесот на производство иако бара многу трпение и концентрација сепак доколку се работи со љубов тоа претствува задоволство а на крајот кога ќе се види завршниот дел предизвикува среќа и восхит.

За да направите една фигура од дрво најнапред треба да се избере едно парче од дрво на соодветна големина и да се обработи со длето.Готовиот предмет се обложува со лак и еколошки бои а може да се додадат и други материјали за декорација по избор кои би се комбинирале со дрвото. Љубовта кон дрвените украси и ракотворби кои ја промовираат традицијата на овој вид на уметност ја пренела и на своите две деца кои како што вели за среќа уште од најмали нозе се занинтересирале за овој занает и се надева дека ќе го продолжат.Засега тие и помагаат во изработката на делата но се надева дека еден ден ќе бидат нејзини наследници на овој занает.

 

 

На прашањето од каде идејата да се занимаваш со овој занает Соња вели дека тоа било сосоема случајно размислувајќи да започне свој бизнис а и преголемиот избор на кинеска роба на пазарот ја потикнала да започне занает автентичен охридски и сега е среќна поради таквата одлука. Тоа дојде сосема сучајно но кога започнав да ја изразувам мојата фантазија на дрво стануваше се попривлечно за работа и никнуваа се повеќе и повеќе нови идеи вели Трифуновска.

Рацете болат кога ќе се претера со работа, но задоволството е големо кога по одредено време фантазијата станува реалност во дрвото. Нема човек кој не занемува што се вели пред убавината на производите. Нема таков кој не би посакал покрај себе да има едни вакви рачно изработени уметнички дела. Ми се чини некако дека сепак странците повеќе ги купуваат но не изостануваат ни домашните туристи ни охриѓани кои сепак имаат истенчен вкус. Обично ја сакаат староградската автентична куќа но и се она што го симболизира градот Охрид.

 

 

Предметите се изработуваат речиси од сите локални дрва околу нас ,но најчесто од орев, бука, јасен ,костен и цреша. Секое едно дрво има свои карактеристики така што зависно од идејата, ќе си добие и свој финален производ.Најбрзиот предмет кој го има изработено и одзел три часа додека оној на кој поминала најмногу време работа три дена.Најтешко и најмногу работа како што вели имала околу изработката на охридската куќа која и впрочем е најбарана.

Уметниците секојдневно се трудат да бидат што е можно подобри и на што е можно подобар начин да ги добијат посакуваните фигури издлабени во дрвото. Иако овој занает бара трпение ,идеја,волја но и пожртвуваност од дамнини дрвото е избор на инспирација на многу уметници, кои од него создавале нов облик ,дела и креации кои му даваат живост и топлина на просторот.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.