Охридскиот бисер бренд на градот

 

Охридскиот бисер бренд на градот

Охрид градот под Самиловата тврдина иако изобилува со културно историски споменици ,природни убавини и богатства има и свој бренд Охридскиот бисер. Охридскиот бисер е амбасадор на Охрид и нашата земја ширум светот. Совршен и уникатен сувенир за оние кои што го посетуваат Охрид и Охридското езеро. Секој турист кој дошол во градот слушнал, видел или купил охридски бисери а низ чаршијата од охриѓани се запознал и со најразлични приказни за тоа како настанал oхридскиот бисер. Само двете фамилиии Филеви и Талеви во Охрид, ја знаат тајната за изработка на добро познатиот Охридски бисер која се пренесува од колено на колено.Овие две семејства ја негуваат традицијата и обработуваат производ наречен Оригинален Охридски бисер..

Познатиот изработувач на охридски бисери Михајло кој е четврта генерација на семејството Филеви, кажува дека природните перли се изработуваат со специјална технологија за која не се откриваат многу детали. Тајната на неговата изработка во Охрид ја носи рускиот емигрант Јован Субановиќ во 1928-та, кој доаѓа случајно во Охрид .Останувајќи во градот подолго време меѓу неговиот прадедо и Јован се создало големо пријателство па така во знак на тоа Јован го запознал со таинствената техника за изработка на бисер.

 

 

Па така шетајќи по бреговите на Охридското Езеро и разговарајќи на многу теми и животни приказни, ги здогледале рибарите кој биле воедно и стриковци на неговиот прадедо. Тие носеле кошеви со плашица, која е една врста на риба која живее во Охридското Езеро. Михајло Филев вели дека после таа глетка во рибите Јован веќе сфатил дека таа тајна што ја носи со себе од Русија, поточно од Бајкалското Езеро, може да ја открие тука. А тајната била во рибата, поточно плашицата која е ендемска форма од чии крлушки на кожата може да се направи бисер. Па така во знак на големото пријателство Јован го запознал со таинствената техника за изработка на бисер неговиот прадедо Никола.

Четири години подоцна неговиот дедо Михајло се обидува да го развие брендот, за потоа тоа да го прави и неговиот татко Никола. Сегашниот изработувач Михајло најмладиот од фамилијата крстен по неговиот дедо кој го наследил овој занает и вешто го промовира и осовременува се надева дека и неговите деца ќе ја продолжат традицијата на занаетот. Филев раскажува дека уште за време на неговото детство се јавила љубовта кон занаетот гледајќи ја неговата фамилија секојдневно како работи а првиот ѓердан со свои раце го изработил вклучувајки го моментот на совладување на целата техника и дознавање на тајната на 17 години со неговата баба Славјанка Филева.

 

 

Филеви е фамилија која ги изработува Охридските бисери уште од далечната 1928 што се потврди од историските факти и институции. Охридскиот бисер како што раскажуваат не е најден во школка,како што многумина мислат туку тој се изработува на тој начин што се зема најблескавиот (внатрешниот) дел од школката, истиот добро се преработува и се добива саканата форма - седефасто зрно. Вториот процес на обработка на зрното е премачкување на веќе добиеното седефасто зрно со емулзија која се добива од крлушката на охридската риба - плашица. Поодамна имало неколку модели на огрлици од Охридски бисер кои му давале акцент на дадени манифестации какви што биле свадба, слави и визити, запросување девојка итн. Тие биле именувани според приликата.

Со бесценетиот накит нанижан од зрна охридски бисери се красат многу познати личности. Во нив се вбројуваат неговото величество кралот Густав и нејзиното величество кралицата Силвија од Шведска Џулијана Хол, Данска кралица Маргарет II, Џована од Италија, Марија Хохензолерн -Сингмаринген, претседателот Ѓорѓе Иванов; бројни естрадни и спортски ѕвезди од регионот и пошироко меѓу кои Новак Џоковиќ, Неда Украден, Емина Јаховиќ, Раде Шербеџија, Каролина Гочева, Руслана, Цеца, Индира Левак и многу други познати личности.

 

Производот го гарантираат многубројните сертификати и признанија на светско ниво

Охрид од 2016 година доби и Музеј на охридскиот бисер. Познатите изработувачи на оригинални охридски бисери, семејството Филеви, го отворија Бисерниот музеј во кој пред посетителите се раскажува приказната за изработката на надалеку прочуениот бисер. Во музејот се поставени сите алатки со кои се обработуваат бисерите од крлушките на охридската риба плашица, фотографии на четирите генерации кои го произведуваат бисерот по тајниот рецепт на рускиот емигрант донесен од Бајкалското Езеро, како и фотографии на познатите светски личности, претседатели, кралици и принцези кои се кителе со охридските бисери. Музејот кој ја збогати македонската култура и традиција е сместен во близина на катедралната црква „Света Софија“, а во него посетителите имаат можност да се запознаат со целиот процес на изработка на надалеку прочуените охридски бисери и вековната традиција на Филеви.

Долгогодишната обемна плодна работа беше успешно презентирана и во документарниот игран филм „Семејна традиција на фамилиите Филеви и Талеви“, кој беше промовиран на 2 август 2017 година во рамките на реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“. Исто така голем придонес во задржување на традицијата трајно врз пишани извори има издавањето на монографијата „Охридскиот бисер во фамилиите Филеви и Талеви“ станува збор за компилација од историја, архивистика, етнологија, уметност, култура, во кое првпат заедно се опфатени двете семејства кои ја знаат тајната на изработката на оригиналниот охридски бисер поддржано од Министерството за култура и НУ Завод и музеј.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.