Природен резерват Јасен
Природниот резерват Јасен се наоѓа во северозападна Македонија прогласен во 1958 година, во почетокот само на планината Караџица, а во 1960 година е проширен на Сува Гора.

Географски карактеристики на Јасен
Резерватот зафаќа површина од 24.000 ха. Највисока точка е врвот Караџица (2.473 м). Геолошката подлога е доломит со тенки слоеви од лискун. На теренот е вештачкото езеро Козјак и повремено тече реката понорница Оча и нема други води. Од флората се заштитени Viola koshaninii, Thymus oehmianus, Dianthus kapinensis и др. Од животните има дива коза, мечка, рис, а од птиците се лештарка, белоглав мршојадец, був и др. Резерватот Јасен покрива околу 32.000 квадратни метри површина најчесто со шума и патишта, како и голем број на пократки неасфалтирани патeки. Главни активности се пешачење, планински велосипедизам, кампување покрај езерата Матка и Козјак, параглајдерство, риболов, спелеологија, алпинизам.

Природно богатство
Емералд мрежата претставува мрежа на Подрачја од посебен интерес за зачувување, назначени со цел зачувување на мрежата на природни станишта. Од заштитените подрачја во граници на Скопскиот регион, во Емералд мрежата, спаѓаат следните локалитети:Кањон Матка, Катланово-Таор и Јакупица. Идентификувањето на значајните подрачја за птици е иницијатива спроведена на глобално ниво со цел да се заштитат локалитетите кои се од особена важност за птиците. Значајните растителни подрачја се најважните места во светот за дивите растителни видови. Во текот на двата последователни проекти во регионот на земјите од Југоисточна Европа, во Македонија беа идентификувани вкупно 42 подрачја.

Фазанерија
Во рамките на Јасен има центар за вештачко производство на дивеч - Фазанерија. Како резултат на применетата современа технологија, секоја година се произведува извонредно квалитетен подмладок на фазански дивеч, полски еребици и диви пајки. Капацитетот на оваа фазанерија е димензиониран на околу 50.000 двомесечни фазански пилиња, 3.000 полски еребици и 1.000 диви пајки. Воведената автоматизираност и електрониката во процесот на вештачкото производство на дивеч, обезбедува постојана контрола на производството и висока продуктивност. Постигнатата носивост на матичните јата фазани, како резултат на посебниот хранителен третман, е една од највисоките во Европа. Процентот на оплоденоста на јајцата во периодот на најинтензивната носивост изнесува над 95%, што претставува посебно достигање на овој производствен центар.

Рибарство
Површина од вливот на реките, Беличка и Треска во “Акумулацијата Козјак”, се до ѕидот на истата од лева и десна страна се до Браната, без деловите заливите кои припаѓаат на Јасен. Период на забрана во Риболовна вода - Акумулација Козјак.

Мрена | 15.05-15.06. |
Бојник | 01.05-31.05. |
Пастрмка | 01.01-31.01. |
Клен | 01.05-31.05. |
Крап | 15.05-15.06. |
Попадика | 15.05-15.06. |
Најмала големина на риби под која не смее да се ловат:
Македонска пастрмка | 40 цм |
Крап | 40 цм |
Вардарски клен | 30 цм |
Вардарски скорбут | 25 цм |
Мрена бела | 35 цм |
Јагула | 60 цм |
Сом | 70 цм |
Попадика | 20 цм |
Црвеноперка | 20 цм |
Плашица | 12 цм |
Дозволени риболовни средства:
- Блинкер на влечење со ограничување на 12 ловни дена во годината.
- Две риболовни трски со по три јадици на трска.
- Три риболовни трски со по една јадица на трска.
Дозволен дневен улов:
Македонска пастрмка | До три примероци |
Крап | До два примерока |
Вардарски клен | До 5 кг |
Вардарски скорбут | До 5 кг |
Мрена бела | До 3 кг |
Јагула | До еден примерок |
Сом | До еден примерок |
Попадика | До 3 кг |
Црвеноперка | До 3 кг |
Плашица | До 5 кг |
Доколку риболовецот има уловено разни видови риба, вкупната количина на улов за еден ден не смее да надминува 4 кг и секако не смее да бидат надминати ограничувањата по број и вид на риба.
Туризам
Јасен можете да го посетите само организирано, бидејќи неговата огромна површина не дава можност безбедно да се движите без придружник. Јасен не располага со хотелски капацитети, туку со ловечки објекти кои се отвараат по потреба за организирана група посетители.

Ловен туризам
Од крупниот дивеч во ловиштето се застапени срни, муфлони, диви свињи и друг дивеч, дел е под заштита, а дел на слобода. Ловиштето се протега на западните делови на планинските масиви Караџица и Сува Планина, а неговиот краен источен дел се допира со планинскиот венец Јакупица. Има вкупна површина од 20 969 ха. Во ловиштето од крупниот дивеч се застапени срна, обичен елен, муфлон, дива свиња, дива коза, мечка, рис и друг дивеч. Поголемиот број на дивеч се наоѓа во отворениот дел на ловиштето, кадешто со најголем број се застапени диви кози. Ловиштето во светот е познато по дивата коза, а во Европа по дивата свиња. Ловниот туризам, на Јасен се рангира меѓу првите три во светот според пакет услугите што ги нуди оваа атрактивна дестинација.

Објекти
Јасен располага со приближно 60 легла и два апартмани, распределени во 7 објекти. Има неколку помали сали со места за состаноци (распределени во тие објекти) за приближно 100 луѓе. На располагање, согласно стандардите има 4 комплетно професионално уредени кујни и околу 25 т. капацитет на комори за замрзнување. Во план е комплетно реновирање на околу 10 шумски и ловечки објекти, рамномерно распределени низ територијата и изградба на нови, со сопствени средства. "