Матка

Матка е еден од најпрепознатливите и најраскошните предели во Македонија. Се наоѓа на само 15 километри од главниот град и претставува неодминливо викенд-место за рекреација. 

 

Matka

 

Тоа е природен кањон на реката Треска кој се карактеризира со специфичен облик, разновидост на релјефот, стрмни падини и вертикални карпести масиви. Матка отсекогаш привлекувала голем број љубители на природата и истражувачи, затоа што претставува природен резерват на ретки животински видови (како што се белоглавите орли и петнаесетте видови пеперутки што живеат само на овој терен) и на ендемични видови растенија и билки.

 

Matka

 

Спелеолошкиот парк е еден од најфасцинантните во Европа. На овој простор се наоѓаат десетина пештери со должина од 20 до 176 метри. Од нив највпечатлива е подземната пештера Врело, чија внатрешност чува две езера и е богата е со сталактити. Доминира огромниот сталагмит во вид на шишарка, кој се таложи 2700 години. Со 212 метри длабочина, во мигов Врело е најдлабока подводна пештера на Балканот, а втора во Европа. Длабочината сѐ уште не е целосно откриена и понатаму подлежи на испитувања.

Matka

 

Љубителите на поекстремните спортови имаат можност да уживаат во спортско качување и алпинизам или во кајак на диви води. Токму тука, на патеката на реката Треска се одржа Светско првенство во кајак на диви води во 1975 година. Сите, без исклучок, може да уживаат и во прошетка со кајче по најстарото вештачко езеро во Македонија, а во непосредна близина има 4 цркви и манастири.

Во Матка се испреплетуваат и се надоврзуваат голем број патеки, така што е лесно да дојдете до посакуваната дестинација. Може да се изгубите единствено во мечти и воздишки предизвикани од она што Матка има да ви го понуди.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.