Скопски регион

 

Скопски регион

 

 

 

Местоположба

Скопската котлина е ограничена со планински масиви,  Скопска Црна Гора на север, Градиштанска Планина на исток, масивот Мокра Планина на југ и ограноците на Караџица, Сува Гора и Жеден на запад . Регионот непосредно се допира со прекрасните клисурски долини на реката Вардар , како што се Дервенската и Таорската Клисура, Шишевската Клисура на реката Треска , Качаничката Клисура на рекаат Лепенец и Бадарската Клисура на реката Пчиња.

 

Реки и езера

На мал простор се среќаваат неколку големи реки кои поминуваат низ многу живописни клисурести долини. Најзначајни се реките Вардар , Лепенец, Пчиња, Кадина Река, Маркова река и Треска. Од посебен интерест се езерата Матка и Козјак во клисурестокањонската долина на реката Треска , потоа термоминералната бања Катланово , минералните извори во Волково и други хидрографички објекти.

 

Клима

Скопскиот туристички регион се одликува со средно годишна температура од 12 С и просечна годишна количина на врнежи од 500 мм. Регионот се одликува со континентална клима со мали продори од медитерански влијанија, а во повисоките простори преовладува планинска клима.

Флора и Фауна

Разновидниот геолошки состав , рељефната дисецираност, присуството на вода и климатските влијанија овозможиле богат растителен свет со разновидна дендофлора и тревна вегетација . Фауната е преставена со разновитен крупен и ситен дивеч : мечка, волк, дива коза, дива свиња, зајак, еребица и разни друди видови кои се од интерес за туристите.

 

Сообраќајни правци

Во Скопскиот регион се среќаваат неколку сообраќајни правци. Едниот од Белград кон Солун, вториот од Јадранско море кон Солун, третиот од Крива Паланка и Куманово и четвртиот кој оди Охрид и Дебар кон Скопје.  Во контекст на туризмот е и железничкиот сообраќај и скопскиот аеродром Александар Велики. На вака важна крстосница , покрај Скопје како главен град на Р. Македонија присутни се околу 120 населби , поголем број на археолочки локалитети , голем број на манастири и цркви , културно-историски манифестации и споменици.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.