Кочани

 

 

Bo XVII век Кочани примило турска физиономија. Биле изградени доста кули (тврдини), кои служеле како набљудувачки стражарски места, бидејќи од самиот град во котлината не можело да се види што се случува во околината. Во тој период е лоцирана и изградбата на средновековните кули во Кочани, кои имале станбено- одбранбена функција. Едната имала намена на саат-кула и звучно го означувала времето.

 

Езерото Гратче е мапа вештачка акумулација во непосредна близина на Кочани, изградена на Кочанска Река во 1959 година, во подножјето на Qсоговските Планини. Покрај езерото работат современи тyрисrичко- угостителски објекти. Сместено во извонредно живописна клисура, Гратче е мошне популарен локалитет за рекреативен и излетнички тyризам. 

 

 

Пониква еден од најпознатите зимски туристички центри и викенд населби во Македонија.Пониква се наоѓа во близина на Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација на Осоговските Планини. Спортско-рекреативниот центар опфаќа два ски-лифта, викенд-куќи, авто-кампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, угостителски објекти, сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд- населбата и неколкуте мотели, има и детско одморалиште со капацитет од 220 легла.

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на Пониква. Покрај веќе изградените спортски терени, во план е изградба на патеки за биатлон и нордиско трчање. Како посебна туристичка атракција за љубителите на ловот, во непосредна близина на Пониква се наоѓа и резерват за дивеч. Комерцијалното ловиште - резерват, покрај сместување, на посетителите им нуди можност за лов на елени, срни, елени-лопатари, муфлони, диви свињи. 

 

Споменикот на Слободата во Кочани е граден во периодот од 1975 до 1977 година. Уметничко-архитектонското решение е дело на Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ. Споменикот бил целосно завршен и предаден во употреба во 1981 година. Изработен е во специфична форма на архитектонска пластика и модифицирана форма на отворена базилика. На мозаичен приказ од 335 м е крунисана и овековечена историската борба на македонскиот народ за слобода од илинденскиот период до Втората светска војна. Во споменикот со посебен пиетет се врежани имињата на загинатите борци од Кочани и Кочанско. Покрај историската и уметничка вредност, комплексот има и употребна вредност со изградената амфитеатрална сцена, која се користи за свечености, театарски претстави и други собири. Прогласен е за споменик на културата и влезен во регистарот на 3аводот за заштита на спомениците на културата.

 

Археолошки локалитет Мородвис богатство на вредни предмети од различни култури - од времето на Јустинијан I до денес Мородвис е населба во Кочанската Котлина, каде се наоѓаат неколку археолошки наоѓалишта. Еден од нив е локалитетот Градиште, утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век на возвишението јужно од Мородвис. Станува збор за правоаголна цистерна, под која е изградена црквата Св. Симеон. Втор локалитет е Гробјани Рид, средновековен објект и некропола. Потоа, Црквиштето Моробиздон, доцноантички и средновековен комплекс од повеќе локалитети, каде е откриена репрезентативна црква со ѕидана ограда. Овде се наоѓал црковен центар на брегалничкиот регион. Најстарата од четирите пронајдени цркви на Црквиште датира меѓу V u VI век, а поновата од XVI век. Другите две цркви се од ХI и ХIII век. 

Познато пазариште на ориз и афион. Но, поради Балканските војни и Првата светска војна доаѓа до застој во развојот. Посебно важна за развојот на градот е изградбата на железничката пруга во 1926 година. Како крајна станица, градот се здобил со улога на собирен центар за сите населби источно од неа. За време на Втората светска војна еден дел од градот бил запален и разурнат. По војната, Кочани прераснува во современ град. Бројот на населението во 1948 година изнесувал околу 7.000 жители, а во 2002 година достигнал до околу 30.000, што се совпаѓа со развојот на стопанските и нестопанските дејности во градот и зголемената атрактивност на градот како место за живеење. Во стопанството доминираат земјоделството (особено одгледувањето на оризот) и индустријата (металска и металопрера- ботувачка, производство на картија и дрвна индустрија), така што има индустриско-аграрна функција во регионот. Кочани денес претставува административно-управен, културен, здравствек и стопански центар во регионот. Истовремено е гравитациски центар и за дел од подрачјата на Делчево и Виница.

Производството на ориз и начинот на неrовото производстео се посебна атракција за луѓето кои првпат го гледаат тоа. Тоа е несекојдневно доживување, со оглед на тоа што на мал број локации во Јужна Европа се одгпедува оризот како култура. За кочанскиот ориз се врзани и бројни гастрономски специјалитети, каракте- ристични за Кочанската Котлина.

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.