Гроздобер

 

Гроздобер

 

Доколку се најдете во Тиквешијата, не смеете да го пропуштите традиционалниот гроздобер што се одржува во градот Кавадарци. Оваа манифестација се организира од 1964 година и претставува своевидно продолжение на долгата и богата традиција што се одржувала на овие простори уште од антички времиња. Тогаш во чест на богот на грозјето и на виното, Дионис, биле одржувани Дионисови денови.

 

 

 

Кавадарци важи за најголем производител на грозје и вино во Македонија и спаѓа меѓу поголемите производители на Балканот. Гроздоберот што се одржува во септември претставува регионална атракција и вистинско доживување за посетителите.

На градскиот плоштад се сместуваат штандовите на винариите и угостителите, а на централната улица се одржува карневалско дефиле предводено од кралицата и кралот на гроздоберот, кои упатуваат здравица за богат и бериќетен гроздобер. Потоа се откинува првиот грозд и со тоа симболично се означува масовната берба на винското грозје.

На централната бина се одвива богата културно-уметничка програма до раните утрински часови, а за време на Винскиот боемски фестивал се врши и дегустација на вина. Кавадарци е град што живее за виното – а ако и вие сте љубител на овој еликсир, тогаш Тиквешкиот гроздобер е настан што мора да го посетите.

 

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.