Шарпланински куп

 

Шарпланински куп

 

Скијачкиот центар Попова Шапка на Шар Планина секоја година е домаќин на натпреварите во слалом и во велеслалом на меѓународниот Шарпланински куп. Оваа манифестација е за првпат одржана во 1947 година, и со тоа претставува најстар меѓународен скијачки натпревар на територијата на Балканот.

Најголемата скијачка манифестација во Македонија има и репутација низ историјата. Во 1954 година е дел од FIS B натпреварите, а од 1969 до 1986 година претставува натпреварување за Европскиот Куп во скијање.

 

 

 

Слаломот се вози на патеката Езерино, додека велеслаломот се вози на патеката Орлова. Учесниците во машка и во женска конкуренција што ќе завршат на првите три места добиваат парична награда, а на првопласираниот му се доделува и кученце од расата Шарпланинец, кое претставува симбол на планината и маскота на купот.

Традицијата на надмудрувањето на скијачите по прекрасните снежни патеки продолжува, а присутните може да уживаат во нивната вештина и во прекрасниот амбиент на величенствената Шар Планина.

 

 

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.