Струшки вечери на поезијата

 

Струшки вечери на поезијата

 

На секој љубител на пишаниот збор му е познато дека веќе над 50 години градот Струга ги собира најзначајните и најзвучните поетски имиња на Струшките вечери на поезијата. При крајот на месец август почнува средбата на поетските великани од најразлични краишта на светот, кои се собираат да ѝ оддадат почит на поезијата. Фестивалот традиционално започнува со читање на поемата „Т’га за југ“ на Константин Миладинов, кој се смета за зачетник на модерната македонска поезија, и во чија чест настанала оваа прекрасна манифестација.

Секоја година се одбира реномиран поет за чие животно творештво му се доделува наградата „Златен венец“, а воедно се доделува и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга објавена на македонски јазик.

 

 

 

 

Во текот на непрекинатото опстојување на овој интернационален поетски фестивал, свое присуство зеле околу 5000 поети од стотина земји, што ја прави Струга најголемо поетско собиралиште во светот. Затоа за овој град се вели дека е поетска престолнина на поезијата, а за фестивалот дека е најголемиот празник во чест и слава на поезијата. Ловороносци досега биле Пабло Неруда, Ален Гинзберг, Тед Хјуз, Пабло Неруда, Јосиф Бродски, Томас Транстромер и многу други.

Читањето на Мостот на поезијата на прекрасниот Дрим, ѕвонот на многубројните јазици, прекрасниот пејзаж на Струга, допирот на разните култури и цивилизации, прави уникатно и незаборавно доживување за сите поборници на мирот и соживотот, како и за сите вљубеници во природата, виното и литературата.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.