Мајски оперски вечери

 

Мајски оперски вечери

 

Кога во Скопје ќе се спомне месецот мај, луѓето веднаш го поврзуваат со Мајските оперски вечери. Овој фестивал на класичната музика традиционално се одржува во деновите од месец мај и ги собира на едно место сите љубители на операта. Публиката ужива во извонредните изведби на реномираните македонски и светски оперски пејачи, диригенти, режисери и кореографи.

 

 

 

Отворањето на првите Мајски оперски вечери (9 мај 1972 г.) било проследено со изведба на операта „Цар Самоил“ на композиторот Кирил Македонски, од страна на оркестарот и оперскиот ансамбл на Македонскиот народен театар. Низ годините, Мајските оперски вечери станале меѓународен оперски фестивал. Досега, во склоп на фестивалот, се одржале над 280 приредби, со над 1200 учесници од повеќе од 20 земји.

Пролетта во Скопје е прекрасна, мај е еден од најубавите месеци во градот – ако сте љубител на убавата музика и ако го цените префинетиот оперски тон, тогаш дозволете да ве понесат нотите и да ве транспонираат во некое друго време.

 

 

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.