Баскерфест

 

 Баскерфест 

 

Меѓународниот уличен фестивал Баскерфест се одликува со спектакуларни настапи под отворено небо. Овој аудио-визуелен фестивал му дава посебен имиџ на Скопје, каде што се одржува и каде што креативната енергија на младите уметници ѝ дава поинакво искуство на публиката.

Уличните артисти, акробатските танцови, музиката во живо, разните претстави, пантомимата, танчарите, ликовни изложби, базарот на ракотворби и работилниците претставуваат одличен повод за забава и за промоција на таленти.

Во склоп на Баскерфест се одржуваат детски катчиња и куклени претстави за најмладите, полн е со иновации и креативност, а публиката е добредојдена да им се придружи на жонглерите и на магионичарите.

 

 

 

Ова е воедно првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, а во блиска иднина планот е да се прошири и надвор од границите на Скопје. Сепак, доколку сте во главниот град и имате можност да присуствувате за време на оваа журка, тогаш дајте им поддршка на многуте неоткриени и скриени таленти – тие чекаат на вас. А забавата е загарантирана.

 

 

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.