Сирење

 

Сирење

 

Македонија изобилува со еколошки чисти пасишта, а токму специфичната флора на пасиштата е она што им дава посебен вкус и арома на сирењето и кашкавалот што се произведуваат на оваа територија.

Со векови, важен дел од традиционалната исхрана во Македонија претставува сирењето. Тоа е бело, слично на фета сирењето, а може да се прави од овчо, козјо или кравјо млеко, а често се прави и од мешано овчо и кравјо млеко. Што се однесува до кашкавалот, најпознат е оној што се произведува во Галичник и Лазарополе.

 

 

 

 

По својата уникатност се изделуваат сирењата од три региони – Мариово, Берово и Галичник. Овие сирења претставуваат реткост и национално обележје на Македонија. Нивниот квалитет се должи на природниот амбиент и на здравата животна средина во кои се произведуваат.

Мариовското биено сирење, малешевските млечни специјалитети и галичкото овчо сирење се неизбежен дел од македонската трпеза и никого не оставиле рамнодушен. Тие се одликуваат со специфичен и врвен вкус, и со посебна арома. Сирењата умеат да ги прават само квалификувани мајстори, кои ги чуваат вековните рецепти за сѐ уште ненадминливиот традиционален начин на подготовка.

Кога ќе ги вкусите сирењата и кашкавалите – ќе го почувствувате вкусот на планината и на вечното зеленило, но и на традицијата, исцрпноста и тајната пренесувана од искусните мајстори од колено на колено.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.