Смоларски водопад


Смоларски Водопад - посебно богатство скриено на Беласица

Смоларски водопад е сокриен меѓу столетните букови дрвја на северните падини на планината Беласица. Долж планинската патека триста скалила ве очекуваат да се искачите на надморска висина од 600 м.  За да дојдете до водопадот, треба да патувате по тесен, кривулест пат во регионот на селото Смолари, по долниот тек на реката Ломница, позната и како Смоларска Река. Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Локалци што ја чуваат руралната традиција, а искачувањето кон водопадите открива прекрасна глетка на Струмичката котлина.


Смоларски Водопад

Овој е единствениот постојан водопад во Македонија. Со висина од 39,5 метри, Смоларски водопад е највисокиот во земјава. Тој претставува геоморфолошка, геолошка и хидролошка посебност. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри. Доколку сте обучен љубител на екстремни спортови, како што е кањонскиот спорт, тогаш со потребната алпинистичка опрема може да се впуштите во предизвикот да се спуштите по должината на Смоларски Водопад. Адреналинот загарантирано ќе се покачи.


Сведоци на чудесна природна убавина на Смоларски Водопад

На патот кон Смоларски Водопад ќе наидете на мал пазар од каде можете да купите локални производи. Население е секогаш таму да ви понудат локални пиперки, јаболка, краставици и уште многу вкусни и здрави производи. Планинската патека што води до водопадот е прекрасна можност да ја засведочите чудесната природна убавина околу вас. Наеднаш ќе го видете Смоларски водопад како паѓа по мазна карпа. Водата која е бела од брзината на паѓање е во контраст со мазната црна површина на планината Беласица.


Смоларски Водопад

Од врвот на Смоларски Водопад водата паѓа во базен на дното при што ослободува освежителна пареа која доаѓа до платформата за набљудување. На враќање назад можете да застанете да одморите или да каснете нешто долж патеката. Или едноставно да уживате во прекрасната шума околу вас. Ве очекува уште едно застанување враќајки се назад на пазарчето за да купите домашно изработени слатка и свеж мед како и прекрасни сувенири но и да се поздравите со новите пријатели.


Повеќе информации за Смоларски Водопад на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.