Негорски Бањи

Негорски Бањи

Негорските бањи се наоѓаат во близина на селото Негорци, четири километри од Гевгелија. Хидротермалниот систем го чинат повеќе извори и дупнатини.

Водниот капацитет на бањите е околу 100 литри во секунда. Температурата во различните извори се движи од 36 до 50 степени. 

Според хемискиот состав, водата е од натриумско-сулфатен тип, а во близина на бањите има и термоминерална кал. Водата и калта имаат балнеолошки дејства за лекување на нервни, ревматични, посттрауматски состојби, повреди на меките ткива.

Сместени во подножјето на Кожув, бањите располагаат со 36 хектари густа шума во својата околина. Со надморска височина од 59 метри, ова е најниската бања во земјата.

На површина од околу 25 хектари, бањскиот комплекс се разви во модерен здравствен и туристички центар.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.