Шар Планина


Снеговите на Попова Шапка, Шар Планина

Шар Планина е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на земјата. Попова Шапка има изоблиство на шумски плодови, боровинки, шумски јагоди и печурки, а во нејзината околина се простираат и неколку глацијални езера. Најкарактеристичната одлика на Попова Шапка е тоа што половина година е прекриена со снег. Овде снегот паѓа од ноември до мај и со својата смирувачка убавина ги кани сите миленици на зимските спортови. Посебна карактеристика на Шар Планина се т.н. Шарпланински Очи, кои всушност претставуваат голем број на глацијални езера. Нивниот број е 25 постојани, 14 повремени и преку 150 локви. Водениот потенцијал на овој масив е огромен и брои преку 200 извори на чиста изворска вода.


Шар Планина

Туристички центар Попова Шапка, Шар Планина

Туристичкиот центар Попова Шапка е сместен во срцето на шарпланинскиот масив, на просечна надморска височина од 1700 метри. Поради тоа што се одликува со голем број сончеви денови, во летниот период претставува појдовно место за неколку планински искачувања и прошетки по живописните пејзажи, а теренот е идеален и за љубителите на велосипедизмот. Секое лето овде се одржува планински велосипедски маратон „Шарски Води“.


Шар Планина

Овој најстар и најпознат зимски спортско-рекреативен центар во Македонија го красат прекрасни скијачки терени со површина од 35 km2. Попова Шапка располага со неколку скијачки патеки, три хомогенизирани патеки според стандардите на ФИС, две жичарници и девет ски-лифтови, со капацитет од 8000 скијачи на час. Во последно време, Шапка ја посетуваат сѐ повеќе љубители на сноуборд и на екстремно скијање. На овие патеки се одржува и традиционалниот Шарпланински куп во велеслалом и слалом. И да сте професионалец и да сте само рекреативец, скијачките патеки чија должина изнесува околу 10 километри, ќе бидат вистински повод за уживање во снегот.



Шар Планина

Врвови на Шар Планина

Шар Планина брои голем број на врвови со височина над 2200м. Ги набројуваме по ред почнувајќи од почетокот на протегање на масивот од северозападната страна: Љуботен (2499м.), Ливадица (2497м.), Пирибег (2524м.), Чаушица (2651м.), Бистрица (2571м.), Црн Врв (2585м.), Кобилица (2528м.), Вртоп (2555м.), Караникола (2409м.), Скакало (2493м.), потоа преки Баба асаница се спуштаат во најубавиот и најатрактивниот дел на овој масив, а тоа е просторот на Лешница (1450м.). Оттука се искачува на највисокиот предел на Шара, каде се наоѓа највисокиот врв, Титов Врв (2747м.). Околу овој врв се наоѓаат уште неколку врва: Церипашина (2525м.), Син Врв (2550м.), Казани (2567м.), Бакардан (2704м.) и Мал Турчин (2702м.), кои продолжуваат кон Џинибег (2610м.), Трапезница (2590м.), Борислаец (2675м.), Рудока (2658м.), Голема Враца (2582м.), Врв на Радика (2405м.), Расенгул (2386м.), Лера (2194м.) и Морава (2147м.), која постепено се спушта.


Шар Планина

Повеќе информации за Шар Планина на следнава страна.





Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.