Маврово

Секое годишно време има своја бајковитост во националниот парк Маврово. Затоа оваа дестинација е совршена и за летните и за зимските периоди.

Површината на паркот изнесува 73.088 хектари, а богата е со неколку ендемични видови на растенија, како и со 82 заштитени животински видови. Теренот нуди прекрасна можност да се истражи, додека јавате на коњ или додека се движите по велосипедските и планинарските патеки, а околните падини на планините ви нудат можност за кампување и долги прошетки. 

 

Mavrovo

 

 Природното богатство ве повикува на секој чекор. Маврово има 30 живописни пештери, меѓу кои и пештерата Шаркова дупка во близина на Ростуше. Во Маврово се наоѓа и Локув, најниското глацијално езеро во Македонија. Живописниот кањон на прекрасната река Радика му дава посебна убавина на паркот. Многуте клисури, стрмни отсеци, карпи со различен облик и водопади го творат разноликиот и специфичен релјеф на Маврово.

 

 Mavrovo

 

Заштитен знак на регионот е и потопената црква „Св. Никола“ во вештачкото Мавровско Езеро, кое ја сокрива до покривот со секое надоаѓање на водата. Мавровското Езеро, пак, е погодно за посетителите во текот на целата година – лете за капење, а зиме, кога замрзнува, за лизгање.

Зимата во Маврово е волшебна. Тогаш може да го посетите снежниот град Бунец и да се упатите кон скијачките терени. Прекрасните заснежени патеки на планината Бистра ќе го разбудат спортистот во вас, а теренот нуди можност и за ноќно скијање.

Штом еднаш ќе го посетите Маврово, тоа ќе се всели во вашето срце, едноставно како сказна.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.