Преспанско Езеро

 

Преспанското Езеро, кое е создадено уште во времето на плиоценот, е едно од најчистите езера во светот. Лежи на надморска височина од 853 метри и зафаќа површина од 276,7 km2. Интересно е што нивото на водата осцилира. Езерото ја губи својата вода поради варовничкиот карактер на планината Галичица, а истекува во Охридското Езеро кај „Св. Наум“ и кај Билјанините Извори. Езерото добива вода од подводни извори и од неколкуте реки што се влеваат во него.

 

Prespa

 

Околината е богата со ендемски видови птици. Во плитките води има повеќе видови чапји и галеби-норки.

Во Преспанското Езеро се наоѓа и единствениот остров во Македонија – Голем град. Овој остров е долг 750 метри, а широк 450 метри. Претставува природна реткост и резерват од ретки билки и различни растителен и животински свет. Познат е и под името Змиски остров, затоа што изобилува со водени змии белоушки, но и со отровниот поскок, кој може да се сретне во горниот дел од островот. До островот се приоѓа со чамец од две места, каде што има мали пажи и пукнатини во карпите. Шестмесечен престој на островот имаат пеликаните, а најбројни птици се кормораните, за кои островот е идеално место за размножување. На островот вирее фојата, чии полусуви стебла се постари и од илјада години. Од ова дрво порано се изработувале традиционалните чунови.

 

Prespa

 

Преспанската област се одликува со многу сончеви денови, а крајбрежјето на Преспанското Езеро има неколку убави песочни плажи. Постојано сте опкружени со планини со бујна вегетација. Сето тоа заедно со бистрата езерска вода нема да ве остават рамнодуши и постојано ќе ве канат на капење и релаксација.

 

 

 

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.