Старо Нагоричане

 

На 25 километри од Куманово, во подножјето на планината Руен, на десниот брег на Пчиња, се наоѓа селото Старо Нагоричане. Ова место има историско значење, зашто во негова близина проаѓал магистралниот пат Виа Егнација. Камената патека сѐ уште може да се посети.

Најзначајно духовно богатство на селото е црквата „Св. Ѓорѓи“ од 11 век, која има огромно значење и претставува прекрасен примерок од средновековната византиска архитектура. Над црквата се наоѓа испосничката пештера на св. Прохор Пчински.

 

staro nagorichane

 

 

Во селото на одредени места може да ги видите многубројните напуштени куќи, кои сведочат за долгата историја и кои ја претставуаат староселската архитектура. Но, голем број од населените куќи се реновирани и имаат уредени дворови со прекрасни тревни површини и цветни леи.

Над Старо Нагоричане може да ѝ се препуштите на прошетката низ боровите дрвја. Во близина на селото се наоѓа Зеберњак, спомен-костурницата за Кумановската битка што се одвивала на овие прстори во текот на Првата светска војна, кога српските војници извојувале победа. Недалеку ќе наидете и на Костоперската карпа, која е познат археолошки локалитет во кој е пронајдена карпеста уметност.

На неколку километри од селото, се наоѓа мистичното место наречено Свет даб, кое меѓу локалното население важи за свето место. Посетителите често доаѓаат тука да медитираат и да вежбаат јога и нивното искуство вели дека на ова место постои силно енергетско поле – со чудесна позитивна енергија.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.