Јанче

По кривулестиот кањон на една од најубавите македонски реки, Радика, се наоѓа и едно од најстарите села во мијачкиот регион – малото, но неверојатно живописно село Јанче. Површината на селото изнесува само 4,8 km2, а се извишува на надморска височина од 760 метри.

 

Паралелното опстојување на црквата и на џамијата се само еден доказ за вековната трпеливост и за соживотот на жителите на ова село. Куќите се скалесто наредени и сочинуваат неоткинливо единство со прекрасниот природен пејзаж. Нивниот автентичен изглед се должи на традиционалната градителска традиција негувана стотици години.

 

 

 

Најзаслужен за реставрирањето на куќите од ова село е вештиот и искусен мајстор Тефик Тефикоски, кој освен што го задржува автентичниот изглед на градбите, во процесот на реставрирањето користи само природни материјали, односно – земја, камен и дрво, како што и некогаш се правеле македонските куќи.

Близу селото се наоѓаат и водопадот Дуф, манастирот „Св. Јован Бигорски“, мостот Елен скок на Тресонечката река и глацијалното езеро Локув. Секоја година во селото се одржува фестивал на питата, каде што се собираат вештите кулинари од сите околни села во реканскиот крај и се натпреваруваат кој ќе ја подготви највкусната пита.

Освен што ќе се наситите од убавината на штедро надарената природа и освен што ќе ѝ се нагледате на бистрата и брза Радика, мора да го вкусите чајот од планинските билки и да го вкусите мавровското сирење од непастеризирано млеко. И, секако, да се опуштите под прекрасното ѕвездено небо.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.