Лазарополе

Лазарополе е село што е второ по големина во малореканскиот предел, а воедно и едно од највисоките населени места во овој крај. Сместено е среде питомата природа на висорамнита на Бистра, на надморска височина од 1350 метри, со местоположба што делува малку затскриено од останатиот свет.

Ова село родило особено вешти резбари, зографи и ѕидари-градители, кои заминувале на печалба во странство. Карактеристично за Лазорополе е и тоа што овде е изградена првата црква во малореканскиот крај во периодот на османлиската окупација. Црквата „Св. Ѓорѓија“ била осветена во 1841 година. Нејзиниот ентериер е првото самостојно дело на прочуениот Дичо Зограф.

 

lazaropole

 

Ова село е единствено место во Македонија каде што расте лазарополската дива ружа, а тука паѓа и најголемо количество дожд. Лазарополе е одличен предел за планински велосипедизам, јавање коњи, параглајдерство и едноставно уживање во природата и уникатната архитектура. За најспособните и најхрабрите, можност за посета нуди и познатата пештера Калина Дупка. До неа е потребно внимателно искачување, а во внатрешноста мора да се влезе со неопходна опрема и придружба.

Најубав период да го посетите Лазарополе е во доцна пролет, кога боите на природата ќе ве исполнат со душевен мир, а мирисите на билките што растат ќе ве повикаат на прошетка во околните шуми или по висорамнината што води кон планинските висини на Бистра. Летата се свежи, а зимите се благи, но видикот е секогаш волшебен – па затоа во Лазарополе е невозможно да го згрешите периодот за посета.

 

.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.