Филхармонија

 

НУ Филхармонија на Република Северна Македонија

Првиот и единствен симфониски оркестар во Република Северна Македонија. Оркестарот е формиран на 24 ноември во 1944 година, по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по ослободувањето на Скопје, во домот на композиторот Тодор Скаловски, еден од стожерите на македонската музичка култура, се одржал првиот состанок на група музичари со цел да го формираат првиот Државен оркестар.

Од тие скромни почетоци, па се до денес, во повеќе од седумдецениското постоење, Филхармонија остварила незаборавни концертни мигови исполнувајќи широк репертоар од светската класична музичка литература, како и светски премиери од современи автори, оживувајќи ги со особена гордост и делата на македонските музички творци.

 

 

Со текот на годините, Филхармонијата прерасна во еден од главните носители на музичкиот живот во земјата и амбасадор на македонската уметност во светот.

Покрај редовните концертни настапи на домашната сцена, симфонискиот оркестар има остварено гостувања ширум светот достојно презентирајќи го звучното наследство на својата земја.

 

 

Зад диригентскиот пулт, со оркестарот на Македонската филхармонија застанале врвни диригентски имиња, меѓу кои и основачите Тодор Скаловски и Трајко Прокопиев, потоа маестрата Ловро фон Матачиќ, Ванчо Чавдарски, Фимчо Муратовски, Ангел Шурев, Карло Цеки, Нееме Јарви, Игор Маркевич, Оскар Данон, Душан Сковран, Александар Лековски, Перо Петровски, Томислав Шопов, Ѓура Јакшиќ, Младен Јагушт, Вероника Дударова, Емин Хачатуријан.

А во поново време и Саша Николовски-Ѓумар, Борјан Цанев, Тадеуш Козловски, Дорон Саломон, Јуриј Темирканов, Вјачеслав Блинов, Павле Дешпаљ, Ермир Крантја, Рамиз Мелик Асланов, Антон Нанут, Јануш Пшибилски, Стефан Лано, Урош Лајовиц, Емил Табаков, Леонид Николаев, Тимоти Редмонд, Еван Крист, Кшиштоф Пендерецки, Хишам Габр, Мартин Пантелеев, Пол Вајголд, Пол Меккриш, Дмитри Лис, Михал Нестерович, Кејс Скалионе, Јерухам Шаровски, Даниел Рајскин.

 

 

На подиумот како солисти пак, гостувале реномирани вокални и инструментилни уметници, меѓу нив и Алдо Чиколини, Халина Черни-Стефанска, Хенрих Шеринг, Леонид Коган, Андре Навара, Хозе Карерас, Цимон Барто, Дејвид Герет, Иља Гринголц, Торлеф Тедеен, Александар Мелников, Јосиф Иванов, Валериј Соколов, Изабел Фауст, Ан Халенберг, Емануел Пају, Даниел Милер-Шот, Борис Березовски, Акико Суванаи, Сергеј Крилов, Нинг Фенг, Ејми Диксон, Иштван Вардаи, Мидори Гото, Алексеј Володин, Евгениј Корољов, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Ана Дурловски, Благој Нацоски, Ѓорѓи Димчевски, Дино Имери.

Во 2018 година Филхармонија на РСМ конечно доби свој дом. Нов музички храм сместен помеѓу Државното музичко-балетско училиште - Илија Николовски-Луј и Македонската опера и балет, современата концертна сала изградена по светските стандарди за тоа како треба да изгледа и да функционира простор наменет за симфониски оркестар, што набрзо постана важна културна дестинација во Скопје.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.