Занает за изработка на накит - Суташ

 

 

Префинетиот вкус и изостреното чувство за мода жените многу често го изразуваат преку накитот. Охриѓанката Билјана Тодороска изработува уникатни парчиња накит познат како Сутаж. Иако на почетокот ги изработувала од љубов и за своја лична употреба денес за неа претставува бизнис односно начин на лична заработка.

Билјана веќе тринаесет години изработува уникатни парчиња накит. Најголема инспирација и се македонските народни носии но и родниот град со неговите природни и културни убавини. Талентот го имам наследено уште од мала, кога започнав да се интересирам за вез, а подоцна, започнав со изработки на накит од различни материјали појаснува Билјана Тодоровска.

 

 

Охриѓанката вели дека иако за изработка на едно ланче потребни и се неколку часа сепак кога се има љубов кон работата ништо не е тешко. За да се дојде до еден финален производ, едно комплетно завршено парче, треба трпеливо и активно да се потрошат 15 до 20 работни часа. Билјана истакна дека долг и макотрпен бил процесот на изучување на техниката за изработка на овој вид на накит.

Ми беа потребни околу три месеци, многу неуспешни обиди и непреспиени ноќи за да го научам. Самата техника претставува спојување на специјален сутаж-конец со шиење, при што се вметнуваат одредени камчиња, бисери и други материјали, а во последно време често ги користам, бакарот, дрвото, полимерна глина вели Билјана.

 

 

Таа вели дека постојано се надоградува а ги следи и модните трендови кои ги бараат муштериите. Како од страна на домашните така и за странците овој вид на накит е доста привлечен. Најчесто се купува за поклон по некој одреден повод но многу пати како што вели жените знаат и сами да си купат за себе накит.

Билјана вредните парчиња накит ги нуди во својот дуќан во старата охридска чаршија а многу често има нарачки кои ги добива преку интернет. Билјана вели дека секоја една жена, може да биде добра во она што го прави доколку има желба и биде упорна.

 

 

Оваа работа бара голема пожртвуваност треба да се усогласат работата и семејството но кога се работи со огромна љубов на крајот се се исплаќа а особено кога ќе го видите замисленото парче накит како готов производ тоа ви дава дополнителен мотив да се продолжи со изработка на креативни дела. Билјана на специјални работилници за изработка на сутаж, го пренесува своето знаење на други жени, а досега одржала и неколку самостојни изложби.

Првата беше во Галеријата на Робевци во Охрид и втората во Спомен домот Браќа Миладиновци во Струга вели Тодороска. Најголема желба за блиска иднина и е својот накит да го претстави со самостојна изложба на престижниот фестивал Охридско лето. Таа со порака до сите кои се талентирани, да бидат упорни, во она што го работат, изразувајќи ја својата креативност бидејќи како што вели само на тој начин се доаѓа до успешни резултати.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.