Нестор занаетчија Струга

 

 

Доколку верувате во себе и упорно се борите за она што ве исполнува годините не се важни ова е пораката на Нестор Јаулески од Струга кој професионално со изработка на филигран започнува да се занимава на 45 години. Иако уште од најмали нозе ја негувал љубовта кон овој занает сепак започнува со запишувањето на курс во Скопје за едукација и образование на возрасни па откако се стекнува со сертифкат и доусовршувајќи го од еден од постарите мајстори започнува да твори. Воодушевен од традиционалниот македонски накит Нестор кој е професор по билогија во Струга го живее својот сон веќе 7 години.

Накит изработувам и го нудам на социјалните мрежи иако најчестите купувачи ми се локалните жители односно 99 посто јас сум среќен што сепак накитот останува блиску и често го гледам вели стружанецот Јаулески. Нестор вели дека го радува тоа што сеуште има луѓе кои се грижат за традиционалниот накит не им е непознат и го ценат она што е вредно.

 

 

Покрај стружани многу често накитот се бара и од останатите земји а најпродавани се убетките, прстените, белегзите и традиционалниот накит за свадби. Многу често како што вели неговите муштерии доаѓаат и со свои замисли и идеи кои сакаат да се најдат на некое парче накит. Многу често имам нарачки и според замислите на муштериите доколку тоа е изводливо веднаш седнувам и го изработувам за едно дело некогаш потребно е еден ден но за некое друго каде има повеќе работа и неколку денови но среќен сум кога и тие се задоволни од готовиот производ вели Нестор.

За изработка на накитот во зависност од денот, времето но и инспирацијата потребно е време. Еден од најдрагоцениот накит кој го изработил а му останал во сеќавање е рачно изработениот брош кој бил по нарачка и замисла на муштерика која работела како графички дизајн за накит во германска фирма а истиот го нарачала токму за компанијата каде работела за што подоцна дознал. Нестор вели дека иако има индустриски накити кои се нудат на социјалните мрежи сепак истите не ги чуствува за конкуренција бидејќи на лагер таквиот накит го има во изобилие додека рачно изработеното дело останува како вредно наследство.

 

 

Нестор како позитивно искуство вели дека е и барањето на традиционален накит за свадби и тоа претежно од Дримколскиот регион кој е афтентичен и уникатен. Од Македонскиот традиционален накит го издвојува "Ѓердан-игла" или во селата на Горни Дримкол наречена "Чапраг полски". Прекрасно парче накит својствено за селата на Струшко и Охридско поле како и дел од планинските села во близина на Струга. До доцните 20-ти години на минатиот век се носело и во градот Струга.

На почетокот било задолжителен накит за невестите во полските села и градот Струга а подоцна прифатено и кај населението на Горни Дримкол. Тоа е највредното парче накит кое го добивале невестите, секогаш од свекрвата. Изработено од сребрен филигран, дел со позлата и украсено со обоено стакло. Понекогаш од страните се ставале синџири на кои можело да има 3-5 сребрени парички (за побогатите со позлата) преку кои синџири се поврзувала со останатиот накит. Се изработувале и малечки игли за девојчиња а за посиромашните имало бакарни но посребрени и со позлата.

 

 

Нестор единствено што жали е тоа што голем број тајни во овој занает останаа неоткриени од старите мајстори. Кувенџиството како занает својот процут на овие простори го доживеало во втората половина на 19век. Во тие времиња во Струга имало дури 14 кувенџиски дуќани што за една релативно мала "касаба" со нецели 4000 жители било значајна бројка. Секако овие занаетчии биле важен економски фактор и многу придонесувале во економскиот развој на градот. Дел од нив работеле во околните места: Охрид, Битола, Елбасан, Дебар па така допринесле Струга после Призрен да стане најважен кувенџиски центар на овие простори. Тоа бил тежок занает, особено во тие услови. Денес најчеста асоцијација за овој занает е филигранот но тие мајстори работеле многу повеќе. Работеле со сребро, злато, бакар, месинг, бронза, калај.

Сами го топеле и рафинирале среброто, изработувале жици со разни профили, по потреба и до 0.2,мм, изработувале предмети со чукање, лиење, позлатувале, посребрувале, сами го изработувале лемот за спојување т.е. лепење. Накитот бил доминантен производ, но изработувале и предмети за црквите, украсувале оружје, предмети за секојдневие чибуци, табакери, послужавници, амајлии а купувачи биле сите и христијаните и муслиманите.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.