Копаничарство

 

 

Копаничарство или дрворез е применета уметност, а според некои и занает, на изработка на предмети и резби од дрво. Вредноста на изработките е дотолку поголема колку што е поголем предметот, подлабока резбата и поквалитетно дрвото. Во таа смисла, резбите се изработуваат од тврди дрва, најчесто од орев, и се разликуваат плитка и длабока резба. Во Македонија копаничарството има милениумска традиција, што е потврдено со археолошки наоди. Драган Неловски е уметник од Охрид кој веќе 24 години професионално се занимава со овој занает кој најнапред го изучувал аматерски од својот прадедо за потоа во атељето во фабриката ЕМО каде работел да го усоврши од најдобрите професионалци.

Нелоски е уметник кој рачно изработува охридски резби на традионален начин на работа.Тој работи заедно со своите синови од кои едниот професионално а другиот повремено им помага во изработката на дела од дрво.Како што вели Драган за да се пренесе овој занает потребно е многу време ,упорност ,желба ,посветеност и трпеливост. Во неговото резбарско атеље лоцирано во стариот дел од градот во непосредна близина на црквата Свети Геракомија внимание привлекува еден натпис поради пораката која ја носи „It’s the art that leaves the mark“ (Уметноста е таа што остава трага). Овие зборови се изгравирани на парче дрво и ги покануваат минувачите да влезат во работилницата

 

 

Таму можат да се најдат најразлични предмети од кои се воодушевуваат домашните и странските туристи,кои покрај што ќе можат да си понесат спомен и сеќавање од градот ,на едно место можат и да научат нешто повеќе за овој рачен занает да видат од вештите раце на Неловски како се изработуваат најразлични дела. Токму тоа и ми беше идејата овие рачни дела можам со материјалот да ги изработувам и во мојот дом ,а готовите производи само да ги изложувам во атељето но на овој начин посетителите покрај што ќе можат да купат ќе можат и да видат како се изработуваат уметностите од дрво ,поинакво е чуството вели Неловски.

Атељето Трон го посетуваат туристи од речиси целиот свет ,најбарани и тоа претежно од странците се традиционалните резби со мотиви со лоза и цвеќиња додека домашните најчесто се одлучуваат да изберат некоја икона .Многу често овие дела ги земаат за поклон по повод свадби ,родендени и други веселби. Најголеми купувачи се Американците тие се воодушевени од оваа древна традиција иако не изостануваат ни останатите. Охриѓанецот Неловски има работено иконостаси на повеќе цркви не само во земјава туку и во Австралија а моментално работи на иконостас за Ресенско Избиште.

 

 

Едни од попопуларните изработки во ателјето се т.н. „сурати“ кои Нелоски вели дека се интересни за помладата публика, бидејќи се необични, но исто така и за странците. За да се практикуваа оваа уметност најнапред треба да се има дарба, а она што е неопходно е секојдневна напорна работа. Раката на резбарот станува сè повешта со секое завршено парче и како што неговата замисла и фантазија стануваат реалност презентирана преку неговото ремек дело, така и тој расне како уметник и создава наследство за наредните генерации. Според Драган , може да се користат различни видови на дрво, но најкомпактно и најдобро дрво за резба претставува оревот. Копаничарите користат специјален алат - длето и чекан и во разни форми оставаат траги во дрвото со цел да се исцрта посакуваниот лик на резбата.

Процесот на создавање резби, поделен е во неколку чекори: Цртање на мотивот директно на дрвото со пенкало (може да се користи индиго), Резбање на безбедносна линија до самиот мотив со резбарски нож; Со длето грубо се прави позадината до саканата длабочина; Се проверува дали мотивот е подеднакво испакнат од сите страни; Се мазни позадината; Се заоблуваат ивиците со рамно длето со засечен врв или со резбарски нож; Се завршува дизајнот; Шмирглање на површината на мотивот; Шмирглање на позадината на мотивот; Додавање на детали, тука доаѓа до израз талентот на резбарот; со длетото; Лакирање, боење и сл. да се зголеми векот на траење.

 

 

За семејството Нелоски резбарството не претствува обичен занает туку значаен дел од нивниот живот. Како за потсетување во минатото копаничарите обично работеле во тнр. тајфи од еден или повеќе мајстори и неколку помошници. За длабење на дрвото користеле метални длета и дрвени чекани со различни големини. Материјалот морал да биде суво и цврсто дрво, и затоа одбирале најчесто орев, и тоа сушен повеќе години.

Најпрво дрвото се фиксирало за цврста подлога (работна маса) и потоа на него со молив се нанесувал мотивот. Потоа се длабело дрвото така што остане само мотивот, и тоа најпрво грубо, со поголеми длета, а потоа и фините детали, со помали. Се настојувало целата резба да биде од едно парче дрво, бидејќи ако е составувана постои опасност составните делови да се раздвојат.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.