Изработка на хартија

 

 

Традицијата на изработка на хартијата во Македонија започнува во средината на 16век (1560-1570) во Манастирот Свети Наум (28км јужно од Охрид). Се претпоставува дека постапката на изработка на хартијата ја донесува Македонецот Јаков (свештеник) кој во тоа време работел во Венеција. Венеција во тој период била еден од најзначајните центри за печатење и изработка на хартијата. Опремата во Манастирот Свети Наум била направена според нацртите и скиците што ги донел свештеникот Јаков. Поради местоположбата Манастирот Св.Наум бил релативно изолиран и функционирал како самостојна енклава. Хартијата се користела исклучиво за интерни потреби. Со разрушувањето на Манастирот кон крајот на 16 и почетокот на 17 век била уништена и самата работилница. Националната рсботилница Св.Наум Охридски е обид за реконструкција на работилницата од 16 век. Постапката е автентична на најстарата Кинеска постапка од 2-от век пред нашата ера. Оваа постапка се пренесува во Европа во 13 век. Основата за изработка на хартијата е срцевината на дрвото. По потреба се додава и памук,а може и разни природни додатоци за декорација на хартијата (цвекиња, ливчиња, разни видови на чај, тутун, кафе и сл.)

Оригиналноста на оваа постапка (метод на осино гнездо), на хартијата и дава посебна уникатност и вредност. Се карактеризира со вертикално делкање на срцевината на дрвото(на најситни влакненца) под специјален агол кој зависи од видот на дрвото. Постапката за изработка на хартијата е потполно природна, без користење на хемиски додатоци и лепила. Раритет во Националната Работилница е Гутенберговата преса, автентична копија на оригиналната која се наога во Мајнц-Германија. Изработена е по урнек на оригиналната и функционира на истиот принцип. Гутенберговата преса во работилницата на охриѓанецот Пановски има голема историска важност, бидејќи во светот постојат само три, од кои едната е токму во неговата работилница, каде што со овој начин на производство им противречи на сите современи начини на производство и печатење на хартија.

 

 

Опремата и облеката кои ги користиме се автентични, најбитен сегмент е аголот под кој што се делка дрвото и сврзувањето на влакненцата од срцевината на растението. „Основата е сржта на дрвото. Се користат потврди видови на дрво како дабот, оревот, црешата, костенот,смреката и дудинката. Иако хартијата изработена од дудинка-црница се смета за една од поквалитетните, најквалитетна се изработува од срцевината на црешата. Крајните точки на годовите за старост кај дрвото, го одредуваат аголот на делкање. Дрвото не смее да се дроби и меле. Суштината на постапката е добивање влакненца од срцето на дрвото. По одреден период на инкубација честичките природно се врзуваат. За да се изработи еден лист хартија на природен начин, потребни се околу 29 дена. Најдолг е процесот на инкубација на честичките, кој трае 23 дена. “ – објаснува Паневски. Работилницата од ден на ден има се повеќе гости и туристи, а претставува еден вид туристичка понуда на градот и катче кое опушта и како во занес ве навраќа во минатото.

„Доаѓаат туристи, од обични граѓани до дипломати и претседатели на држави. Гостите сакаат да си купат сувенири од рачна изработка на хартија, а по желба можат да се отпечатат различни мотиви. Мотивите на нашите отпечатоци се различни, почнувајќи од стари фотографии на Охрид, автентични икони од ова поднебје, евангелијата од овие простори и мапи“ –потенцира Паневски. Паневски Нино, син на Љупчо сопственикот на работилницата, вели дека како по стариот начин на производство на хартија. користи сито со дрвена рамка и жичена мрежа, како и некоја дренажа и сушење опрема, а во прилог на содржината на дрво влакна во производство на хартија се користи на памук. “Се изработува на истиот принцип како што Кинезите за прв пат почнале да ја произведуваат, два века пред нашата ера. Добиле инспирација од осјето гнездо, како што осата ги спојува влакненцата во своето гнездо тие добиле идеја да ја сечат срцевината на дрвото под одреден агол”, објаснува охриѓанецот Паневски, кој занаетот го наследил од својот татко. “Откако ќе се нанесе хартијата на изготвеното платно, се добива готовиот производ- еден лист хартијата” , вели овој младиот охриѓанец.

 

 

Отако ќе се заврши оваа постапка, вели Паневски, листот не е рамен, поради што се носи на преса па се израмнува и пелга, а после десет часа листот е спремен да се печати и може да се прават кеси и останатите производи. Приказната за настанувањето на оваа несекојдневна работилница почнува во далечната 1989 година при посетата на Паневски во Словенија ,во рамките на Пактот за стабилност за почнувањ нов мал бизнис.При посетата во Словенија тој остварил контакти со луѓе што се занимавале со најразличен бизнис некој со мал некој со поголем.Пресвртицата на целата приказна се случила при посетата на работилницата во Радече таму Паневски поминал најголем дел од своето време.Во перидот од 1992 тој уште неколку пати ја посетил истата работилница при што конкретно се вклучил во процесот на овој занает.Потоа сопственикот на словенечката работилница во неколку наврати дошол во посета кај својот пријател од Охрид при што се родила идејата за основање работилница за рачна изработка на хартија токму тука од проста причина што Охрид е градот на писменоста.

Работилницата почнува со работа од 23.10.2002 година, што значи успешно фунционира веќе неколку години. Особено задоволство претставува што работилницата ја отвори починатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски – на кој ние му го дадовме првиот произведен и печатени лист хартија со портрет на Александар Велики. Нашата основна мисија и дејност е рачна изработка на хартија и производи од истата. Има туристички карактер, на посетителите им прикажуваме практично како се одвива изработката во неколку минути со познавање на историјата на хартија и методот на печатење на Гутенберг. Методот на печатење е идентичен како првиот примерок од Библијата од 15 век. Овој прес метод е ретка и автентична копија на оригиналот, што е во музејот во Мајнц – Германија и воедно работи на ист начин.

 

 

Морам да напоменам дека туристите од мигот кога ке влезат се воодушевени и речиси никој не заминува без барем еден примерок печатена хартија, а најчесто и со различни апликации кои исто ние ги изработуваме, а неретко и најразлични сувенири кои може да се најдат во нашата работилница потенцира Паневски. Во работилницата се изработуваат широка палета производи од хартија пред се сувенири кои се продаваат. Со апликаиите што ги ставаат на хартија како четирите евангелија и други извадоци од Библијата и од животот на првите христијани овие производи сами по себе имаат автентична вредност како и најразлични икони и фрески слики на познати светци кон кои охриѓани а и граѓаните од сите краишта во земјава и пошироко негуваат посебен пиетет.

Потоа има тетратки со дебели кожни корици кои се нивно сопствено производство, различни апликации за моливи и други помагала, рамки за слики со мотиви од христијанството, значки кои се особено популарни за младите, најразлични други школски предменти, црно бели слики, охридски пејсажи како и фотографирани кадри од охридската архитектура и слични производи кои се барани од посетителите со најразлични големини. Работилницата за хартија(или музејот за хартија) која е во духот на стариот охридски стил е значаен културен субјект не само во Охрид,туку и пошироко и претставува вистинско туристичко доживување. Инаку, овој фамилијарен занает на Паневски, бара многу физички труд како и посветеност. Со оглед на тоа дека располага со многу уметнички елементи претставува и еден вид атракција и ја збогатува туристичката понуда на Охрид.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.