Етно сувенири од дрво

 

 

Стојан Ѓорѓијоски во својата мала работилница во Охрид повеќе од една деценија изработува најразлични етно сувенири. Од најмногу употребуваните предмети во домаќинствата со своите вешти раце прави минјатури. Рaзбoи, бочви за чување вино и ракија, сачови, ковчези се само дел од предметите изработени од дрво.

Станува збор за минијатури,некои од најмногу употребуваните предмети во домаќинствата. Разбои, каци, бочви за чување вино и ракија, сачови, ковчези, во кои некогаш девојките грижливо го чувале приќето, предмети и делови од покуќнина кои веќе исчезнуваат не само од домовите туку и од нашите сеќавања раскажува Ѓорѓијоски.

 

 

Ѓорѓијоски најмногу сака да работи со дрво. Ноќви, таруни или кај нас познат како бљуд, елемент кој домаќинките го користеле и некои сеуште го користат како основа на која месат леб и сукаат, предмети кои некогаш биле основни елементи на ентериерот и симбол на традиционалната македонска куќа, Ѓорѓијоски и денес ги изработува. Не му треба многу време за изработка на еден сувенир.

Многу често се случува да имам и специјална порачка односно изработка на предмет од дрво за лична употреба но и за подарок. Дрвото нуди неограничени можности за креативните луѓе додава Ѓорѓијоски. Делата од дрво многу често ги надополнува и со други материјали кои му даваат поинаков и поавтентичен изглед односно му даваат белег на традиционалното од нашето поднебје. Во изработките му помага и неговата ќерка која ги надополнува со свои идеи.

 

 

Потребно е време и трпение за да се изработат овие предмети кои красат многу домови. Како што вели Стојан се затвора во својата работилница кога има инспирација за креирање на некое уметничко дело, тоа го исполнува а најсреќен е кога завршениот производ ќе биде како што посакувал тој или неговите муштерии и туристи.

За работа претежно користам буково дрво, тоа е поздраво, поквалитетно и потрајно. За разбојот потребен ми беше еден ден,но има и предмети за кои се потребни неколку недели за работа. Ваквите дела најчесто ги нуди неговата ќерка на социјалните мрежи објаснува Стојан Ѓорѓијоски.

 

 

Неговите изработки покрај во родното Плаќе и Охрид на социјалните мрежи ги има и во соседна Србија каде неговиот внук кој живее во Златибот ги промовира на мештаните и туристите.

Ѓорѓијоски кажува дека првите пензиски денови биле мотив повеќе тој да продолжи да го прави она што најдобро го знае со своите раце да изработува уникатни предмети од дрво. Непресушниот извор на неговата инспирација е родното Плаќе, а од неодамна откако се пензионирал започнал да пишува и поезија и проза, за родното село, за луѓето кои ги знаел, но и за убавините каде пораснал.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.