Чевларство или кондураџиство

 

Чевларство или кондураџиство –традиционален занает за изработка на обувки

Чевларството или кондураџиството е традиционален занает за изработка на обувки кој денес во огромна мера е потиснат од индустриското производство и кинеската роба која на пазарот се нуди многу поефтино од рачните изработки.Се изработуваат најразлични модели на чевли,чизми,сандали,кломпи и мокасинки од кожа ,дрво,гума и пластика .Чевларските калапи пак на кои се изработувале чевлите биле железни или дрвени.Најстариот занаетчија од Струга Јоне Кленко некогаш познат мајстор во струшката чаршија жали за деновите кога се ценел занетот и квалитетот .Тој вели за да се биде занаетчија човек пред се морал да биде чесен и да работи квалитетно за да има муштерии . Оваа професија, за која смета дека е уметност, е неговата најголема страст во животот.

Започнав како мал со мојот татко кој во Франција научил да прави плетени сандали од кожа, па потоа во Белград работел како чевлар и правел само женски сандали. Во 1938 година нè зеде и нас, а пред војната избегавме и се вративме во Струга. Работевме заедно, беше тешко на почетокот оти чевларот требаше да набаво кожа, ѓон и се што треба па да вади мустра а најважно беше занаетчијата како чевлар да биде чесен оти ако не беше немаше да има муштерии. Денеска чесноста се изгуби“, раскажува Кленко.

 

 

90 годишниот занаетчија иако повеќе не изработува чевли и чанти секој ден е во својата работилница во неговиот дом. Занаетот за кој што вели дека е многу тежок го наследил од својот татко но со текот на времето и потребите на луѓето се прилагодувал на современите текови а катчето каде работел сака да го остави во спомен да се види како се работело во минатото .Тој жали што занаетчиството изумира и нема наследник децата му се школувале, па одбрале професија која им носи далеку поголем приход а нема ни чираци кои сакаат да ја научат професијата чевлар.

„Жално е што занаетчиството изумира. И сега кога го велам ова ми е многу тешко. Цела Југославија ја поминав само да научам повеќе а денес никој не е заинтересиран. Одев секаде и по алати. Тешко ми е што не може повеќе да се учи тој занает. Нема ни интерес а ни мајстори за да научат младите. Кондураџискиот занает е потежок од било кој факултет да се учи“ потенцира Кленко.

 

 

Порано имало голем број на занаетчии денес бројот е се помал од овој занает останати се само крпачи оние кои поправаат нема веќе мајстори кои прават најразлични модели. Кленко вели дека порано интересот бил огромен не само од стружани и охриѓани туку и од туристите кои сакале да носат уникатни чевли изработени рачно за кои е потребно трпение додавајќи дека жените порано повеќе го ценеле тоа и почесто носеле штикли сега младите ретко ги носат освен за некои прослави. Доколку не беа добро изработени муштериите веднаш ги враќаа чевлите бидејќи ја ценеле добрата изработка додава стружанецот.

Денес сѐ што е евтино и неквалитетно е во мода, додека вредноста на она што е квалитетно и направено со голема љубов и умешност не е на во тренд. Неговата работилница каде и ден денес го наоѓа мирот и спокојот наликува на мал музеј каде има вреден алат,фотографии,ташни,чевли ,сувенири и други предмети кои рачно ги изработувал а тука се сместени и машините на кои работел едната од 1926 година на која и стои натпис „спомен од минатото, сегашноста и иднината… не се продава“.Иако повеќе не работи тој сепак времето го пополнува со поправки на ташни чевли и колани.

 

 

„За поправки, ништо ново не работам од 1995 година. Ова се што е правено е од тогаш и стои. Чанти денес идат од сите продавници и бутици сите ги носат на поправка. И тоа ме држи уште и со умот и надежта дека нешто ќе направам се гордеев самиот себе“, вели Јоне Кленко занаетчија од Струга. Најстариот струшки занетчија вели дека потребна е стратегија и грижа за помагање на старите занаети од страна на државата.

Со голема носталгичност се присети на времето кога занаетчиските дуќани и големите мајстори во своите занаети биле елитата на ова општество, а воедно и главните кои го полнеле државниот и општинскиот буџет. Огромниот број на чевли и чанти изработени од вештите раце на стружанецот Јоне Кленко сведочат за едно поинакво време кога занаетчиството во струшката чаршија било ценето и вреднувано.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.