Воденичарство

 

Воденичарството како занает во Вевчани

Водениците во Вевчани сместени под падините на планината Јабланица во минатото биле главна стопанска гранка а воденичарството основниот занает. Од некогашните 30 на број распослани на Вевчанските извори денес функционира само една. Последната воденица која работи е стара 150 години, денес меле и произведува пченкарно брашно, но таа моментално повеќе е туристичка атракција. Последниот воденичар Секула Алулоски од Вевчани вели дека порано се чекало со редици за мелење но сега нема никој, не сака да работи. Овој фамилијарен занает го наследува неговиот син 52 годишниот Атанас Алулоски но за жал функционира колку да се одржува и да се продолжи традицијата.

Во минатото со добитокот се чекало на ред а сега сликата е сосема поинаква најчести гости се туристите кои се интересираат за тоа како изледа воденицата и нејзиниот принцип на работа. После мене овој занает го наследи мојот син, повеќе не се ни исплати, сето ова го работам од љубов, додава тој. Куќата се наоѓа пред познатите Вевчански извори. Во оваа воденица се мелело рж, скроб, јачмен уште многу одамна, и неговите предци се занимавале со воденичарство. Порано пред воденицата се чекаше на ред за мелење жито, а сега ретко кој сее жито, селата се иселени, електрични мелници се купуваат, па овде скоро и да нема работа.

 

 

90 годишната Душанка Русеска од Вевчани која порано била сопственичка на воденица раскажува за тоа колкав бил интересот во минатото за мелење во мелниците. Воденицата постоела уште во турско време затоа што Македонија тогаш била под Турците. Свекрва ми ја наследи од мајка и ѝ татко и кој бил комита“, вели Душанка Русеска. Работата на воденичарите ја презедоа модерните мелници, а се помалку жителите во селата садат жито и пченка. „Кога ќе донесат од другите села Мешеишта овде нема пченка посеано. Народот не работи, се е скапо прскање, орање, влечење и полето остана. Само неколку лозја се работаат“, вели Русеска.

Заедно со татнежот на водата која паѓа на воденичкото тркало, се врти тешкиот камен и акустичниот звук, кој избира зрна од корпата и прави брашно за трпезата на многумина. Токму во овој регион имате можност да посведочите на овој стар начин на производство на прехранбени производи за задоволување на елементарните потреби на секое домаќинство од минатото додава Русеска.

 

 

Според традицијата, житата за брашно и сточна храна се мелеле од Митровден, па се до Ѓурѓовден. Млинот ги принудил производителите да го продаваат своето жито и да купуваат брашно, бидејќи не можеле да дојдат на ред да сомелат од своето производство на жито, или пак морале да го носат по простите воденици и да го мелат по стариот начин.

Квалитетот на брашното сомелено во воденица зависел и од квалитетот на воденичарскиот камен. Последната воденица сеуште и пркоси на модерното време. Единствената која сеуште опстојува во Вевчани меле на камен и произведува оригинално пченкарно брашно.

 

 

Воденичарството е стар занает со кој на традиционален начин се произведува брашно од житните култури, кои биле и сеуште се, основен елемент во исхраната на луѓето. Водениците се граделе покрај реките каде што водата се искористувала за придвижување на големите тркалезно-мазни камења, кои ги мелеле разните житарки од кои се добивало брашно кое го користеле за месење леб, качамак и други нешта.

Воденичарството е традиционален занает, кој успеа да преживеат низ вековите, но конечно згаснале на почетокот од минатиот век со влегувањето на индустријализацијата по градовите и со миграцијата село – град. Во минатото со воденичарство се занимавале поимотните семејства. Во Македонија, се до крајот на првата половина на ХХ век, имало околу 15.000 воденици во кои се мелело жито и пченка.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.