Планински велосипедизам

 

Планинскиот велосипедизам станува се позастапен спорт во Република Македонија, каде постојат буквално илјадници вон-теренски (off-road) и крос патеки. Секој планински клуб изнајмува велосипеди и организира регионални тури за планински велосипедизам и помали локални тури. Како клубови, тие, исто така, го поттикнуваат развојот на велосипедски патеки во цела Македонија, како и на локалниот одржлив туризам за историските и природните локалитети од интерес.

Дневните награди за вашиот напор се величествени: глетки кои ви го запираат здивот и остануваат како визуелен потсетник на возвишената убавина на Македонија, на планинските села со шармантна архитектура зачувани од минатото, изобилството на флора и фауна ендемични за овие единствени балкански планини, и свежи како роса и бистри како кристал глацијални езера кои го заслепуваат умот.

 

 

Mountain Biking

 

Најдобри патеки за планински велосипедизам во Македонија 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.