Doma si e doma

Dec 31 2020
Skopje

 

ДОМА СИ Е ДОМА

 

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ и Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка - SDC подготвуваат кампања за промоција на домашниот туризам во Република Северна Македонија под насловот „Дома си е дома“. Целта на оваа кампања ќе биде да промовира различни дестинации и активности во државата како предлог за посета од страна на домашните туристи во претсојните сезони лето/есен 2020 година. Ова ќе придонесе за поддршка на домашните чинители во туризмот (туроператори, сместувачки капацитети, ресторани, превозници итн.) и поддршка на домашната економија, како одговор на кризата предизвикана од Covid-19.

Фокусот е на зголемување на домашниот туризам, односно зголемување на бројот на домашни туристи и остварени ноќевања. Таргет се сите домашни туристи странски државјани кои живеат/работат во РСМ, но потенцијалн и туристи од регионот и странство, во согласност со постоечките рестрикции за патување. Како најважен елемент за промоција се промотивните видеа кои ќе се изработат за потребите на кампањата. Фокусот ќе биде на 10 дестинации низ државава, кои опфаќаат дополнително по 3-5 локации по дестинација. Промотивни видеа од туристички дестинации во РСМ, ќе бидат претставени преку конкретни активности/ производи од активниот туризам (планинарење, велосипедизам, спортско качување итн.), во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија.

 

 
See more
Back to top

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.