Со сето свое богатство изразено преку бројноста и разновидноста на облеките и начинот на нивното украсување, носиите се дел од материјалната култура на Македонскиот народ со вековна традиција.Меѓу наједноставните форми на китење на носиите преставува украсувањето со природни сретства од најблиската околина(босилек,џунџуле) а невестите на главата носеле венец од бршлен или букет цвеќе. Највпечатлива форма на украсување кај Македонските женски народни носии се украсите со стари метални пари, чија појава е поврзана со раното продирање на стоковно паричната размена во македонското село.
Металните монети и накитот се користеле прикачени за плетенките на косата, аплицирани на парче ткаенина или редени како рибини лушпи во вид на масивни украси на градите. Многу украси од овој вид се поврзани со занаетчиското произвоство.
ВЕЗ
Главна карактеристика на Македонската носија е везот со раскошни и геометриски шари, срма и плеенки, како и накит изработен од метал, сребро, монистра и плодови од природата. Како карактеристичен украс особено на женските носии најмногу се везеле кошулите и покривките за глава. Везовите се развивале и негувале на целата територија од Македонија. Во нивниот колорит доминира црвената боја, иако се застапени зелената, жолтата и темно сината.
Карактеристика на македонските везови се густо извезените површини и специфичните орнаменти и мотиви. Македонскиот народен вез јасно сведочи за творечката оргиналност на неговиот создавач –македонската жена.
МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР-МУЗИКА
Најпретпознатлив елемент на македонскиот фолклор се ората во зависност од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив се различни во зависност од делот на Македонија. Можат да бидат отворени и затворени, а играчите се дрќат за раце,раменици, појаси, под рака или со рацете свртени надоле. Сите играчи играат на ист начин освен челниот и последниот играч, кои можат да изведуваат дополнителни чекори и движења. Ората се вијат обично на десно, но има и ора кои се вијат на лево.
Најпознатите ора се правото,пајдушкото,елено моме,чупурлига.Ората и Македонската музика изобилува со комплексни ритми, од кои најчести се 2/4 и 7/8ки такт. Кај повеќе ора се јавува и промената на темпото, обично од бавно кон брзо. Популарни традиционални песни кои Македонците ги слушшат и пеат со цела душа се: калеш бре Анѓо, Слушам кај шумат шумите, Биљана платно белеше, Дафино вино црвено, Народе Македонски, Земјо Македонска и многу други.