Таксират

 

Таксират

 

Некаде при крајот на ноември и почетокот на декември, љубителите на алтернативниот звук секогаш со нетрпеливост ја очекуваат веста за почетокот на фестивалот Таксират. Оваа неколкудневна музичка манифестација создаде специфичен стил и секоја година одржува константна публика од 15.000 посетители. Интересот секогаш расте и ја надминува бројката на капацитетот на салата во која се одржува.

Таксират го прослави својот 15-годишен јубилеј во 2013 година. Овој фестивал е најголем во Македонија и претставува единствен зимски музички фестивал во Југоисточна Европа. На сцената досега настапиле едни од најеминентните имиња од домашната, но и од светската музичка сцена: Manu Chao, Kaiser Chiefs, Parov Stelar, Juliete Lewis, Guano Apes, Laibach, The Stranglers, Wailers, Kreator, Iggy Pop & The Stooges, Neville Staple (the Specials), Buzzcocks, Марки Рамон од The Ramones и многу други.

 

 

 

Овој фестивал е единствениот од Македонија што ја освоил наградата GreenNClean (2011) од Европската фестивалска асоцијација YOUROPE, а веќе пет години по ред, фестивалот е номиниран во категориите за најдобар мал фестивал и за најдобар фестивал што се одржува во затворен простор во рамките на „Европските фестивалски награди“.

Фестивалското лудило трае од вечерта до раните утрински часови, атмосферата е секогаш загреана, а публиката весела и разиграна. Секој перформанс ќе ви остави моќен впечаток и ќе ви го качи адреналинот до максимум. Затоа приклучете му се на незаборавното дружење и подгответе се за гитарските рифови и моќниот звук, без оглед дали претпочитате панк, метал, рок, хип-хоп, реге или инди-музика.

 

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.