Филмски фестивал „Браќа Манаки“

 

Браќа Манаки

 

Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ се одржува секоја година во Битола, градот во кој во 1905 година се преселиле браќата Јанаки и Милтон Манаки – првите филмски сниматели на Балканот.

Јанаки купил филмска камера од Лондон, во производство на компанијата „Charles Urban Trading“, и тоа бил 300-тиот примерок од серијата BIOSCOPE. Кинематографијата на Балканот почнала токму со таа Камера 300, и токму така се нарекува и главната награда на овој филмски фестивал.

Филмовите од најновата светска продукција што се дел од атрактивната програма, се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена камера 300, која му се доделува на најдобриот директор на фотографија.

 

 

 

Освен официјалната конкуренција, фестивалот содржи програмата на краток филм, а се организираат и работилници, семинари, дебатни сесии и изложби. Фестивалот доделува и Награда за животно дело.

Доколку сте филмски професионалец или само вљубеник во филмот, несомнено ќе уживате во фестивалската програма на овој елитен филмски фестивал во Битола.

 

 

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.