Дали сте знаеле дека Мајка Тереза е родена во Скопје?

 

Дали сте знаеле дека Мајка Тереза е родена во Скопје?

 

Родена како Агнес Гонџа Бојаџиу на 26 август, 1910 година, во Скопје, Македонија, во поранешна Југославија, таа била најмладото од трите деца. Нејзиното семејство било од албанско потекло.

 

 

На возраст од дванаесет години таа сфатила дека тоа што најмногу од сè сака да прави е да им помага на сиромашните. Таа одлучила да се обучи за мисионерска работа и отишла во Индија на деветнаесет-годишна возраст за да им се приклучи на редот на Сестрите од Лорето, ирска заедница на сестри со мисија во Калкута. Во 1928 година таа ги дала иницијалните завети како милосрдна сестра. Започнала разни проекти за рехабилитирање на жителите во сиромашните квартови, домови за деца, домови за умирање, клиниките и колонијата за лепрозни, итн. Денес Мисионерите на милосрдието се распространети ширум светот и се обврзани на хуманитарна работа за голем број земји во Африка, Азија и Јужна Америка.

Делото на Мајка Тереза е светски признато и таа е добитник на бројни награди, од кои најпрестижната е Нобеловата награда за мир во 1979 година; во 1971 година таа ја добила Наградата за мир на Папата Јован XXIII; наградата Бахрат Ратна и многу други. Мајка Тереза почина на 5 септември, 1997 година.

 

Спомен куќа на Мајка Тереза

Желбата да се оддаде почит на една од најпознатите личности и добитник на Нобеловата награда од Македонија е остварена на 30 јануари 2009 година, со отворањето на Спомен куќата посветена на Мајка Тереза. 

Спомен куќата на Мајка Тереза е непрофитна организација финансирана од страна на Владата на Република Македонија.

Локацијата на музејот не е случајно избрана. Со други зборови, точно на ова исто место се наоѓала старата католичка црква “Пресвето Исусово Срце”. Тоа е местото каде што Гонџа Бојаџиу била крстена, само еден ден по нејзиното раѓање, на 27 август 1910 година, и каде што таа го нашла својот внатрешен мир по смртта на нејзиниот татко.

Ова место има голема важност и влијание врз развојот на карактерот на младата Гонџа и на нејзината желба да им помага на сиромашните. Уште како дете таа пеела во Католичкиот црковен хор и учествувала во добротворни организации. Некако оваа локација сама по себе претставува симболичен мост кој ја поврзува малата Гонџа со еден од најголемите хуманитарци во светот, Мајка Тереза.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.