За иконостасот на манастирот “Свети Јован Крстител”?

 

Манастирот “Свети Јован Крстител“ е познат по својот иконостас. Истиот е изработен од вештите раце на Петре Филипов – Гарката од село Гари. Тој, заедно со својот брат Марко, Макарие Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со неговите синови Васил и Филип од село Осој, во периодот од 1829 до 1835 година, успеале да создадат прекрасно уметничко дело изработено во дрво.

 
 
 
 

 Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првата основа е составена од правоаголни полиња кои содржат орнаменти од флората и фауната. Втората зона, во која се префрлени престолните икони завршува со слика на орел со раширени крилја. Третиот дел е поделен на три помали хоризонтални делови со симетрично распоредени ангели, грозје и винови лози, итн. Над нив се наоѓаат два реда икони со слики на апостолите. Во центарот се наоѓа големиот крст на кој е претставено Распнувањето на Исус Христос. На двете страни од крстот се наоѓаат слики на змеј во чија уста се издигнати иконите на Свети Јован Крстител и на Пресвета Марија. 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.