Основни информации

 

 

Состав на Владата 

Република Македонија е суверена, независна, демократска и социјална држава. Воведната реченица на Уставот на Република Македонија, усвоен на 17 ноември 1991 година, специфично го дефинира карактерот на државата, од каде што произлегува составот на владата. Имено, државата е парламентарна република на чело со Претседател. Претседателот ја претставува Република Македонија и дома и во странство. Тој е врховен командант на Вооружените сили на Република Македонија и Претседател на Советот за безбедност.

 

 

 

Националното знаме на Република Македонија

 

 

Знамето на Република Македонија претставува жолто сонце на црвена позадина. Жолтата и црвената боја се типични бои на македонската држава. Знамето e усвоено на 05. октомври 1995 година.

 

 

Религија

Мнозинството население, т.е. 65% од населението на Македонија припаѓа на православната христијанска религија. Во однос на застапеност, населението од муслиманска вероисповед го држи второто место, т.е. со приближно 33%. Останатите граѓани се католици, протестанти, атеисти и членови на други религии.

 

 

 

 

Монетарна единица 

 

 

Република Македонија ја доби својата валута во 1992 година, набрзо по одвојувањето од Југославија, кога беа воведени купони како транзициски пари. Во 1993 година беше воведен денарот.

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.