Културно – историско наследство

Траги на човековото опстојување над 8.000 години

Најраните траги на човечката активност на територијата на Македонија потекнуваат од постарото камено време – палеолитот. Вистинските почетоци на предисторијата почнуваат околу 6.000 години пред новата ера, со првите населби по Средна Брегалница и Овче Поле, покрај Вардар и во Пелагонија. Низ милениумите, Македонија одбележува значаен и богат цивилизациски развој во материјалната и духовната култура.

 

Археолошки локалитети

Во Македонија се евидентирани над 4.500 археолошки наоѓалишта. Посебно значење имаат локалитетите Скупи и Скопско Кале кај Скопје, потоа Требеништа, Св. Еразмо, Охридската тврдина, ранохристијанската базилика во селото Октиси во Охридско- струшката Котлина, Хераклеја Линкестис и Маркови Кули во Пелагонија, Стоби во близина на Градско , Исар и Баргала кај Штип, Струмичко Кале, Виничко Кале, Мородвис кај Кочани, Марвинци и Гевгелиски Рид во Гевгелиско – Валандовската Котлина и други.

 

Тврдини, кули и мостови

Во Македонија се изградени поголем број тврдини, кули и мостови, кои дополнително сведочат за животот и културата на овие простори. Такви се Самуиловата тврдина во Охрид, Марковите Кули во Прилеп, Царевите Кули во Струмица, Камениот Мост и Калето во Скопје, средновековните кули и мостови во Кратово.

 

 

 

Религија

Во Македонија се испреплетуваат источната и западната цивилизација. Во многу градови е вообичаено да се сретнат и цркви и џамии. Поголем дел од населението припаѓа на православната христијанска вероисповед ( 65% ). По застапеност, на второ место се жителите со исламска вероисповед ( 33% ). Останатите се католици, протестанти, атеисти и припадници на други религии.

 

Архитектура

По античката архитектура, интензивна градителска активност се бележи во византискиот период, кога изградбата на Св. Софија во Цариград ги поставила критериумите во сите места под доминација на православната црква. Во времето на Отоманската империја доминантно било влијанието на исламската архитектура, за што сведочат многубројните објекти од тоа време: турски бањи, џамии, теќиња, безистени, чаршии. Најубавите примероци на урбана архитектура се објектите од XIX и XX век. Крушево и Кратово во голем дел се комплетни урбанистички целини со зачувана градска архитектура од тој период, голем дел од Битола и Скопје, како и стариот дел на Охрид. Во XX век Македонија ги следи трендовите на модерната архитектура.

 

 

Џамии

Во Македонија има околу 600 џамии, од кои најпознати се оние од XV и  XVI век. Џамиите на Јаја-паша, Иса-бег, Мустафа-паша и Султан Мурат се наоѓаат во Скопје, Шарена џамија и Саат-џамија во Тетово, Исак џамија, Хајдар Кади-паша и Јени џамија во Битола, Чарши џамија во Прилеп, Саат џамија во Гостивар, а во Охрид се наоѓаат Хајати Баба-теќе и Али-паша џамијата. Сите имаат најчесто квадратна основа и трем, а се покриени со куполи или со дрвена покривна конструкција и претставуваат форма на турско-османлиската школа. Ѕидани се од камен и тула и поставени се во хоризонтални редови, така што нивните фасади изгледаат живописно. Џамиите ги граделе највисоките турски управувачи ( паши и бегови ) и заземале значајни позиции, често и доминантни во населбите. 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.