Археолошки локалитет Стоби
Стоби е древен град кој со својот урбан дел се наоѓа на три тераси, што се спуштаат кон Црна Река, опкружени со ѕидови, а на устието меѓу Црна Река и Вардар, покрај автопатот Е-75, од Скопје до Гевгелија. Археолошкиот локалитет Стоби е со површина од 1.600 квадратни метри. Познато е дека тука минувале главните патишта, кои ги сврзувале областите на преден Дунав со медитеранските земји, уште од предисторискиот период.

По овој главен пат на Балканскиот Полуостров се движеле културните влијанија од југ кон север и обратно. Црна Река, од друга страна претставувала природен пат, кој ги сврзувал централните области на Македонија со Јадранското Море. Во римскиот период покрај Црна Река водел значаен пат. Тоа е патот кој го поврзувал со Виа Игнација кај Хераклеја Линкестис, близу до денешна Битола.

Така градот заземал мошне значајна стратегиска, воена и трговска позиција во античкиот период. Јужно од градот се наоѓаат траги од предградија. Тука е и портата на градот што води кон Хераклеја, а по падините од Гробјанската црква до базиликата во Паликура, се наоѓаат повеќе некрополи. Тие некрополи се од хеленистички, римски, византиски и словенски период.

Повеќе информации за Стоби.