Струмичко – Гевгелиски регион

 

Струмичко – Гевгелиски регион

 

 

 

 

Местоположба

Низ овој регион поминуваат патот и железницата по долината на Вардар низ Гевгелиско-валандовската Котлина и Дојран кон Грција и патот Штип за Струмица кон Бугарија. Двете котлини се поврзани со сообраќајницата Валандово-Струмица. Еден крак од Струмица води кон Берово, а присутни се и повеќе модернизирани локални патишта.

 

Релјеф

Двете котлини се раздвоени со планината Плауш и ограноци од планината Беласица. Регионот е ограничен со планините Огражден и Плачковица од север и со планината Кожуф од запад и северозапад. Меѓу овие планински масиви, како засебни просторни целини, издвоени се Струмичкото, Радовишкото, Валандовското, Гевгелиското и Дојранското Поле. Како посебни релјефни целини овде се издвојуваат Демиркаписката Клисура, превојот Костурино, но и планинските врвови.

 

 

Клима

Овој регион се одликува со медитеранско климатско влијание. Просечната годишна температура во Гевгелија и Дојран изнесува 14.2 степени, а во Струмица 13 степени. Просечната годишна количина врнежи во Гевгелија изнесува 711 мм, а во Струмица околу 600 мм. Во двете котлини, заради медитеранско влијание, просечниот број денови со тропски температури во Гевгелиско изнесува 73, а во Струмичко 57 дена.

 

 

Реки и езера

Покарактеристични хидрографски објекти се термоминералните извори во Банско во Струмичката и Негорци во Гевгелиската Котлина. Тие претставуваат солидно уредени бањско-лековити и рекреативни комплекси. Речниот систем во овој регион го чинат делови од реката Вардар, Коњска и Анска Река во Гевгелиско-валандовската и реките Струмица и Туриска река во Струмичко-радовишката Котлина. Во овој простр се наоѓа природното Дојранско Езеро, а од акумулациите се присутни езерото Турија и Паљурци.

 

 

Флора и фауна

Разновидната геолошка и педолошка подлога и геоморфологијата на просторот овозможиле богатство од растителни, дрвенести и тревни видови. Особено доаѓаат до израз прнарот, како типично медитеранско растение, но и дрвенестите букови, дабови и борови шуми на Огражден, Плачковица, Беласица и Кожуф. Богат и разновиден е и животинскиот свет, каде се присутни сите видови крупен и ситен дивеч вообичаени за овие простори: волк, срна, дива свиња, зајак, разни видови птици и влекачи.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.