Шарпланинско - Полошки регион

 

Шарпланинско - Полошки регион

 

 

 

 

Релјеф

Шарпланински – полошкиот регион го сочинуваат Полошката котлина со планинските масиви кои ја заобиколуваат : Шар Планина, Жеден, Сува Гора и ограноци од Бистра. Котлината се одликува со типична рамница со надморска висина од 400 до 500 метри и стрмно издигнати живописни планини кои достигнуваат над 2700 метри надморска висина. Присутна е голема геолочка , рењефна, климатска , флористичка и антропогена разновидност.

 

 

Реки и езера

Најзабележителни се горното течение на реката Вардар до Дервенската Клисура , живописната долина на реката Пена, Лакавица и голем број на планински реки. На планината Шар Планина има 30-тина глацијални езера.  Најголеми се Боговинското езеро , Црно езеро, Бело езеро Голем Ѓол, Мал Ѓол, Големо езеро, Мало езеро и други. Регионот изобилува со извори и врутоци.

 

 

 

Клима

Шарпланинско – полошкиот регион има типично континентална клима со посебни температурни специфичности на топли лета и студени зими , со остар преод од зима кон лето. Просечната годишна температура во Полог изнесува 11 С со  Тетово а околу 10С а Гостивар, додека на Попова Шапка изнесува 4,6 С така што на планинските масиви во овој регион владее типична планинска клима. Во Полог просечно годишно има врнежи од 800 мм а на планините 1100 мм . Врнежите се повеќе изразени во зимскиот период од годината и од нив голем процент се снежни создавајќи услови за зимски спортови и туристички активности.

 

 

 

Флора и Фауна

Релјефната дисецираност , релативните висински разлики , геолошката разновидност , присуството на вода и карактеристичната клима овозможува развој за разновиден растителен свет преставен со разновидна дендофлора ( бука,даб,бреза, костен,габер, бор)и тревна вегетација со присуство на ендемични на ретки видови. Во регионот се среќаваат разновидни видови крупен и ситен дивеч: мечка ,волк, срна, дива коза, дива свиња и разни видови птици и влекачи.

 

Сообраќајни правци

Од овој регион се одвојуваат сообраќајници кон мавровско – дебарскиот крај и кон Косово. Низ регионот има поголем број локални правци.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.