Кумановско - Кривопаланечки регион

 

Кумановско - Кривопаланечки регион

 

 

 

 

Местоположба

Просторот од север е ограничен со државната граница и планините Козјак и Герман, од исток со границата кон Бугарија, од југ со Осоговските Планини, а од запад со планината Скопска Црна Гора. Ова се истовремено и помаркантните релјефни форми во регионот. Меѓу нив се наоѓаат Кумановското Поле и Кривопаланечката Котлина со Славишко Поле.

 

Клима

Климата во овој регион е типично континетална. Просечната годишна температура во Кумановската Котлина изнесува 11.8 степени, а во Крива Паланка 10.2 степени. Просечната годишна количина врнежи во Куманово изнесува 549 мм, а во Крива Паланка 565 мм.

 

Реки и езера

Покарактеристичен хидрографски објект е термоминералниот извор кај селото Проевци близу Куманово, кој е уреден како бања. Од другите хидрообјекти поваќни се реките Приња, Кумановска и Крива Река, како и поголем број помали реки. Во регионот се присутни и акумулациите Липково и Глажња, погодни за викенд-туризам.

 

 

Флора и фауна

Простирајќи се околу 400 до околу 2.250 метри релативна височина, во овој регион е присутно богатство од разни растителни, дрвенести и тревни видови. Посебно привлечни се шумските комплекси на планините Скопска Црна Гора, Герман и Осоговските Планини. Во склоп на растителните заедници, развиен и разновиден е и животинскиот свет кој, главно, е претставен со присуство на волк, срна, дива свиња, зајак, разни видови птици и влекачи.

 

 

Сообраќајна поврзаност

Низ овој регион поминуваат патот и железницата од Белград кон Скопје и Солун и патот кој од Куманово води кон Крива Паланка и Бугарија. Од него еден крак свртува кон Кратово и Штип, а другиот од Куманово води кон Свети Николе и Штип.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.