Мавровско - Дебарски регион

Мавровско - Дебарски регион

 

 

 

Местоположба

Мавровско – Дебарскиот регион ги опфаќа долините на реките Радика и Црн Дрим до нивното спојување во Дебарското езеро во западниот дел на Република Македонија . Регионот е ограничен со планината Јабланица и Корабскиот планински масив (Кораб,Дешат и Крчин ) на запад, Шар Планина на север , Бистра и Стогово на исток. 

 

 

 

Извори, реки и езера

Во овој регион има поголем број на извори , од кои два се термоминерални ( Косоврасти и Бањиште) и поголем број на реки ( Црн Дрим, Радика, Мавровска река, Мала Река, Длабока Река, Рибница) . Клисурестата долина на реката Црн Дрим помеѓу Јабланица и Стогово е со странични страни од 500 метри се издигаат до височина од 2200 метри релативна височина , а меѓу корабскиот масив од една и Шар Планина и Бистра од друга страна е подлабоко всечена клисуресто – кањонската долина на Радика, каде релативната височина изнесува од околу 500 м до 2760 м(врв Голем Кораг). Живописот на овој регион е надграден со акумулациите Мавровско и Дебарско езеро , езерото Јабланица и поголем број на глацијални езера на корабскиот планински масив. 

 

 

Клима

Овој простор се одликува со посебни климатски карактеристики . Просечната годишна температура се движи од околу 12 С во Дебар до околу 7С во Маврово. Просечната годишна количина на врнежи во Дебар изнесува околу 870 мм , во Маврово околу 1100 мм , а во долината на реката Радика и до 1700 мм врнежи. Овој регион се смета за најврнежливиот регион во Република Македонија.

 

 

 

Флора и Фауна

Извонредните пејсажни карактеристики се наполнуваат со неизмерното богатство на растителни   ( дрвенести и тревни) видови. Затоа, северниот дел од регионот, поточно поголемиот дел од сливот на реката Радика е прогласен за национален парк Маврово. Покрај вообичаените видови на крупен дивеч (мечка, волк, срна, дива коза, свиња) овде сеуште е присутен рисот . Овој регион изобилува со многу видови на риби и птици , од кои најпозната е радичката пастрмка.

 

Сообраќајни правци

Главни сообраќајници се патните правци по долината на реката Црн Дрим и Радика, сообраќајницата кон Албанија кај Дебар и некои локални сообраќајници.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.