Брегалнички регион

 

Брегалнички регион

 

 

 

Релјеф

Релјефот во овој регион го чинат Осоговските Планини на север, Плачковица и Конечка Планина од југ, односно југоисток и Градиштанската Планина и Богословец од запад и југозапад. Меѓу нив се наоѓаат повеќе котлини и полиња, како што се Овче Поле, Кочанско Поле, Лакавичко Поле, Пијанец и Малеш. Во регионот посебно се истакнуваат Истивањската Клисура и клисурите на Злетовската и Зрновска Река. Во висинска смисла, релјефот се простира од околу 300 до над 2.200 метри. Покарактеристични планински врвови се Руен на Осоговските Планини, Лисец на Плачковица и Кадиица на планината Влаина.

 

Клима

Брегалничкиот регион се одликува со континентална клима. Температурите на околу 300 метри надморска височина во Овче Поле и Малеш на окоолу 900 метри надморска височина прилично се разликуваат. Просечната годишна температура во Овче Поле изнесува 12,8 степени, а во Берово 8,7 степени. Просечната годишна количина врнежи изнесува 500 мм во Штип, а во Берово околу 670 мм, така што овој регион се смета за еден од посушните во Република Македонија.

 

Реки и езера

Хидрографијата во регионот ја чинат реката Брегалница и нејзините притоки Каменичка, Оризарска, Кочанска, Злетовска, Лакавица, Зрновска Река и реката Осојница. Присутни се повеќе термоминерални извори, од кои изворите во с. Бање кај Кочани и Кежовица во непосредна близина на Штип се уредени бањски локалитети. Во регионот се присутни и акумулациите Калиманци на Брегалница, езерото Градче на Кочанска Река и Ратевското Езеро во близина на Берово. Набрзо на Злетовска Река треба да се формира уште една акумулација.

 

 

Флора и фауна

Брегалничкиот регион располага со богатство од разни растителни, дрвенести и тревни видови. Тоа особено доаѓа до израз на планинските масиви, каде е развиена различна дендрофлора, но и по полињата, каде се сретнува мноштво од тревести растителни видови. Посебна одлика на овој простор е одгледувањето ориз во Кочанското Поле, кое на посетителите кои прв пат го гледаат остава посебен впечаток. Со своите карактеристични долини, како природни резервати се издвојуваат долините на Зрновска и Злетовска Река. Присутен е разновиден животински свет: волк, срна, дива коза, дива свиња, зајак, разни видови птици и влекачи. Затоа, на Осоговските Планини на локалитетот Пониква се присутни посебно уредени ловишта.

 

Сообраќајна поврзаност

Главна сообраќајница во овој регион е патот Велес-Штип-Кочани-Делчево, потоа релацијата Куманово-Свети Николе-Штип-Струмица, но важни се и сообраќајниците кон Пробиштип и Кратово, сообраќајницата кон Берово, а оттаму кон Делчево и кон Струмица. На релацијата Велес-Кочани функционира железнички сообраќај.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.