Прошетка низ градот на конзулите

 

Прошетка низ градот на конзулите - Битола

Градот Битола некој го знае како конзулски град, друг по престижниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и по првите филмски снимки направени на Балканот, трет како бисерот под планината Баба. Сместен во средината на Пелагониската котлина, градот отсекогаш претставувал важна трговско-патничка врска помеѓу Јадранското и Егејското Море, како и една од најзначајните патнички врски на Балканот со Централна Европа.

Преданијата за Битола велат дека името на градот доаѓа од старословенскиот збор „обител“ кој означува мноштво на манастири, монаси, свештеници. Битола навистина отсекогаш бил град со многу манастири, а оттаму и грчкиот назив за градот – Монастири. Според преданието на Марко Цепенков, името се должи на земјопоседникот Тољо, кој живеел во тврдина во близина на градот, близу денешното село Буково. Кога Турците се приближувале да го освојат овој регион, го повикувале да излезе на битка со зборовите „Би Тољо, би Тољо!“ и токму на тоа се должи името на градот.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.