Кавадарци


Град на виното – центар на виногорјето

Кавадарци сообраќајно се поврзува со магистралниот пат Скопје-Гевгелија и со патот што од Градско води за Прилеп, односно со магистралниот пат кон Охрид. Низ градот тече реката Луда Мара. Населбата настанала кон крајот на XVII век, по Австро-турската војна (1689-1690). Лоцирана на сообраќајницата Прилеп – Демир Капија – Солун, имала погодна местоположба, што ја направило привлечна за доселување на друго население од околината.

Како градска населба се спомнува дури во 1823 година. Во 1857 година претставува мало гратче со околу 2.000 жители и посебен економски центар. Населението се занимавало со земјоделство, трговија и занаетчиство. Поизразен раст е забележан по изградбата на железничката линија Солун-Скопје (1872-1874), кога се развила трговијата со вино и афион. Уште тогаш Кавадарци има улога на управно-администативен центар за Тиквешката област. Во 1879 година управното седиште за кратко време е преместено во Неготино. Кон крајот на XIX век гратчето броело 1.300 куќи.

Градот популациски и стопански расте по Втората светска војна. Во 1948 година броел околу 6.000 жители, а во 2002 година бројот на населението пораснал на околу 30.000 жители.

Кавадарци има значајна административно-управна, економска, културно-просветна и здравствена функција во регионот. Има широка зона на влијание врз околните села, но и врз селата во јужниот, ридско-планински дел на котлината.

 

 

 

 

Тиквеш

Тиквешијата претставува најголемо виногорје на Балканот. Од Велес кон Кавадарци, Неготино, Демир Капија, па до гевгелија, патот го преплавуваат лозови насади и голем број винарии, кои со својата архитектура на автентичен начин ја раскажуваат македонската винска приказна. Виното е еден од симболите на македонската земја. Најголемата тајна на вкусовите на македонските вина е Сонцето, кое во пределите на Централна Македонија му дава специфика на секое зрно грозје.

Околу Кавадарци и Неготино се разви најголемото и најквалитетното происводство на винова лоза. Лозовите насади во Тиквешијата се распространети на околу 11.000 хектари ( 8.000 на подрачјето на Општина Кавадарци и 3.000 на подрачјето на општина Неготино). Најзастапени сорти грозје се смедеревка и кратошија вранец, а на помали површини се одгледуваат и десертните и трпезните сорти грозје: кардинал, хамбург, афус али, рибиер и други. Како резултат на големите лозови насади, во Тиквешијата има голем број на винарски визби, кои грозјето го преработуваат во вино и ракија и го пласираат на странските пазари.

 

Тиквешко Езеро

од најсушна област во државата, Тиквеш прерасна во зелена оаза на непрегледни плантажи под лозја и овоштарници

Тиквешкото Езеро е изградено во долното течение на Црна Река, пред излезот на реката во Возарско Поле. Езерото е едно од поголемите вештачки акумулации, со површина од 14км2, должина од 28 км и зафатнина од 475*10м3. Езерото е создадено во 1968 година со преградување на кањонот на реката со брана висока 104 метри, изградена од нафрлан камен со глинено јадро. Акумулацијата е наменета за наводнување и производство на електрична енергија. Денес, езерото има и туристичко-рекреативен карактер, со поголем број викенд-куќи и угостителски објекти. Езерото се користи и за спортски риболов. Богато е со риба, при што особено се истакнува сомот, кој може да достигне должина над два метра.

 

Островот Градот – Средновековниот град Тиквеш се наоѓа на околу два километри од с. Ресава, на рид висок 80 мметри над устието на Тиквешка Река во Црна. Во III век п.н.е. на тоа место постоела населба, која во доцната антика била обновена и зацврстена со кули. Покрај бедемите се пронајдени темели на голем број градби. Со изградбата на акумулационото езеро, на денешниот острво се зачувале само горните остетоци од населбата.

 

 

 

Полошки манастир Св. Ѓорѓи (XIV  век)

до манастирот се стигнува само со чамец  

Манастирот претставува бисер на македонската средновековна уметност. Изграден е во првата половина на XIV век, на 20 километри југозападно од Кавадарци во подножјето на планината Вишешница, на левиот брег на сегашното Тиквешко Езеро.

Внатрешноста на црквата е во целост живописана. Позната е по својот фрескоживопис од XIV век, а уште повеќе по полиелајот (црковен листер) резбан во дрво од 1492 година, што претставува најстара датирана резба во Македонија.

 

Моклишко Езеро

најмлад природен хидрографски објект во Европа, а можеби и во светот

Моклишкото Езеро се наоѓа во месноста Моклиште, непосредно кон Кавадарци, во долината на реката Луда Мара. Настаното е во 1956 година, така што со уривање на ридот е направена природна преграда (брана) на долината на Луда Мара и непосредно потоа просторот е исполнет со вода. Поради тоа, во стручната литература ова езеро се класифицира кака урниско езеро. Така, природата само за неколку минути ја изгради браната на езерото. Во текот на ова случување се затрупани стадо овци со нивните пастири.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.