Гевгелија

Гевгелија се наоѓа во јужниот дел на Република Македонија, во Гевгелиско-валандовската котлина. Гевгелија е пограничен град, сместена на три километри од границата со Грција. Има поволна сообраќајно-географска положба. Лежи непосредно до магистралниот пат кој води кон соседна Грција и железничката линија која ги поврзува Скопје и Солун со Европа и Блискиот Исток.

Како населба се споменува во официјалните турски документи од 1664 година. Од 1665 до 1832 година е чифлишка населба и центар на нахија. Во овој период дел од населението се занимава со одгледувана е на свилена бу- ба. Поставена крај важните патишта кои воделе од Солун и Дојран кон Скопје и Струмица, во средината на XIX век, Гевгелија бележи брз стопански развој. Посебно брзо се развива по изградбата на железничката пруга Скопје-Солун, така што во 1877 година населбата имала над 2.000 жители.

Во повоениот период бележи постојан раст на населението - од околу 6.000 жители во 1953 година до околу 15.000 жители во 2002 година. Истовремено, Гевгелија расте и во економски поглед. Стопанските одлики на Гевгелија се ориентирани кон развојот на земјоделството, индустријата, трговијата и туризмот. Денес Гевгелија е современ пограничен град со сите потребни градски функции, кон која гравитираат околу 30 населби од околината. Има функција на главен центар во областа.  

Црква Cв. Kирил и Методиј, лоцирана во централниот дел на градот, изградена во 1896 година Црквата Вознесение Xpистoвo (Св. Спас), ,1842

 

Негорски Бањи ексклузивноста на бањите се состои во лековитоста на минералната вода. Негорските Бањи се наоѓаат во близина на селото Негорци, четири километри од Гевгелија. Хидротермалниот систем го чинат повеќе извори и дупнатини. Водниот капацитет на бањите е околу 100 1/сек. Температурата во различните извори се движи од 36 до 50°С. Според хемискиот состав, водата е од натриумско-сулфатен тип, а во близина на бањите има и термоминерална кал. Водата и калта имаат балнеолошки дејства за лекување на нервни, ревматични, посттрауматски состојби, повреди на меките ткива. Сместени во подножјето на Кожуф, бањите располагаат со 36 хектари ryста шума во својата околина. Со надморска височина од 59 метри, ова е најниската бања во земјата. На површина од околу 25 хектари, бањскиот комплекс се разви во модерен здравствен и туристички центар.

 

 

Кожуф со терени како од сказните, ова е еден од најелитните ски-центри во Југоисточна Европа.

Кожуф е планински масив во јужните делови од Република Македонија, на македонско-грчката граница. Највисок врв е врвот 3елен брег, висок близу 2.200 метри. На само 210 километри од Скопје и 130 километри од Солун, на површина од 2.000 хектари, тука се наоѓа најновиот ски-центар во Македонија, чија изградба започна во 2001 година. Центарот е најсовремено опремен и располага со одлични услови за скијање. Моментално располага со два ски- лифта со капацитет на носење по 3.000 скијачи за еден час до врвот на жичарницата, еден шестосед кој единствен од таков тип на Балканот, ресторан, бачипо, 16 апартмани и 16 километри скијачки патеки. Овој центар е единствен во земјата кој располага со опрема за вештачки снег.

Чистиот воздух, сонцето и природните убавини се она што најмногу ги пленува посетителите на Кожуф. Пространите скијачки терени без шуми, местоположбата и природните ресурси со кои располага Кожуф го прават овој ски-центар нова атрактивна зимска туристичка дестинација во Македонија. Но, Кожуф е примамлив и во останатите периоди од годината, за тоа што нуди одлични услови за историски туризам, планински велосипедизам, јавање коњи, параглајдерство, пешачење и лов, а браната на реката Точница е предвидена за риболов и кајак.

 

Вардарски Рид старомакедонски град, еден од најпознатите археолошки локалитети во Европа.Вардарски Рид е археолошко наоѓалиште во непосредна близина на Гевгелија, покрај реката Вардар. Таму е откриена најголемата повеќеспојна населба од праисториско и раноантичко време, со интензивен и континуирам живот од крајот на бронзеното време до падот на античката македонска држава и воспоставувањето на римската доминација на овој дел од Балканот. На одредени потези се констатирани траги од фортификациски објекти ѕидани од кршен камен и варов малтер. Евидентирани се остатоци од четири култyрни стратуми. Вардарски рид е единствениот град во Република Македонија каде е констатиран периодот на Филип и Александар Македонски. Пронајдени се македонски штитови, шлемови и шеснаесеткрако сонце. Локалитетот има шест хоризонти на живеење, а најстариот пронајден предмет е секира од пред 5.000 години п.н.е. Од керамичките наоди најзастапени се теракотните претстави на божества, разни антропоморфни и зооморфни фигури, како и други предмети од нерамика, сите од домашно производство. Откриените малубројни примероци на увезена керамика датираат од V до V1 век п.н.е. Од металните подвижни наоди, најкарактеристично е оружјето, потоа накитот и алатите, големиот број клучеви, кујнски прибор и друго. Животот на Вардарски Рид постепено згаснува некаде во текот на 1 век п.н.е.

Релјефна чаша Со претстава на македонскиот штит (111-11 век п.н.е.)

теракотни фигyри на богинки (111-1век п.н.е.) Мермерна статуа на Афродита (1V век п.н.е.)

 

На овој град прекарот е македонскиот Лас Вегас поради големиот број на туристи кои доаѓаат во градот да ги посетат шест казина и бројни продавници .

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.