Интернационален фестивал на античка драма " Стоби ''

 

Античка драма " Стоби ''

 

Не постои подобро место да се одржи фестивал посветен на античката драма, од сцената што потекнува токму од периодот на антиката. Древната сцена на Стоби ја сочувала традицијата на античкиот театар, па таму секоја година во летните периоди се изведуваат театарски текстови на најпознатите антички драматурзи.

Од 2001 година, на оваа сцена се одржува меѓународниот фестивал на античката драма. Меѓу осветлените ѕидини на амфитеатарот актерите ги оживуваат познатите текстови на античките драмски јунаци, овозможувајќи спектакл за гледачите, кои поради древниот амбиент се чувствуваат како да се враќаат назад во времето.

 

 

 

Освен драмите на авторите како Аристотел, Есхил, Софокле, Аристофан и други, театрите од повеќето земји што гостуваат на фестивалот, понекогаш изведуваат и специјални претстави направени за сцената во Стоби. Традиционално, се доделува награда за најдобра претстава, награда за режија и награди за најдобри актери.

Овој фестивал на античката драма се претвори во атрактивна културна манифестација, а доказ за тоа е и максималната посетеност и исполнетост на амфитеатарот. Седнете на едно од седиштата на кое некогаш седеле големците во градот Стоби, почувствувајте ја магијата на драмата, чујте ги гласовите на најстарите човекови мисли преточени во текст, под ноќното небо, и уживајте во мајсторската изведба на актерите. Катарзата од трагедиите или насмевката од комедиите ќе ве прочистат, а автентичниот простор во локалитетот Стоби дополнително ќе ве воодушеви.

 

 

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.