Специјалитети од месо

 

Специјалитети од месо

 

Сѐ додека не дојдете во Македонија и не го пробате македонското – нема да знаете каков е вистинскиот вкус на јагнешко месо. Сочното и неодоливо, примамливо и по изглед, како и по вкус, а многумина знаат да ви кажат дека месото „се топи“ во уста од што е свежо.

Кога ќе се помисли на главно јадење на македонската трпеза, најчесто се помислува на некој специјалитет од месо, поточно на јагнешко месо. Неговиот специфичен вкус и врвен квалитет, меѓу другото, се должи и на чистите и богати пасишта.

Речиси секоја куќа во Македонија има свој посебен рецепт за совршено печено јагне, а подготовката не мора секогаш да биде комплицирана за да се добие вкусен ручек. Обично се подготвува така што се зарежува месото по површината и се полни со парчиња лук и гранчиња рузмарин. Месото се гарнира со компири, тиква и кромид или друг зеленчук.

За традицијата на јадење јагнешко месо зборува и фактот што тоа најчесто се подготвува на празници или за излет во природа. Свечената трпеза на еден од најголемите христијански празници, Велигден, е неминовно збогатена со јагнешко месо, затоа што јагнето е важен симбол на кроткоста, непорочноста и чистота.

 

 

 

 

Освен вообичаениот начин на подготовка на јагнешко месо, постои и еден стар дебарски рецепт, при што месото се сервира со суви сливи.

Јагнешкото месо се сервира со потешки вина, како што се: вранец, прокупец или кратошија.

Македонската традиционална трпеза за време на ручекот ја збогатуваат и јадења со свинско и телешко месо, како и прочуените полнети пиперки, полнети тиквички и сармата, кои се подготвуваат со мелено месо, а се комбинираат со зеленчук.

Треба само еднаш да седнете на ручек во Македонија, за да сфатите зошто оваа трпеза е една од најпрочуените во Европа.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.