Десерт

 

Десерт

 

Не постои поубав начин да се заврши убавото јадење од препуштањето на слаткото уживање во десертот.

Македонската кујна изобилува со повеќе видови традиционални десерти.

Еден од нив е слаткото или џемот, со кои, според стариот обичај, се послужуваат гостите при пристигнувањето во домот. Се прават разни слатка – од јагоди, малини, кајсии и шумски овошја, а особено е карактеристично слаткото од диви смокви, кое најмногу се подготвува во југозападниот дел на Македонија и има голема репутација.

Македонскиот мед е природен и еколошки чист и има посебен вкус поради недопрените ливади. Медот во македонската кујна се користи како прелив и додаток во други слатки, а се послужува и врз печена тиква.

 

 

 

 

Карактеристичен стар десерт во Македонија е маџунот, кој се добива од гроздов сок. Тој има оригинален вкус и арома, како и благотворно дејство врз здравјето. Слатките и колачите во минатото се подготвувале токму со маџун.

Како десерт задолжително мора да ги вкусите и врвните специјалитети – тикварник и колач од мак.

Речиси не постои куќа во која домаќините нема да ве послужат со некој рецепт што го чуваат со генерации во своето семејство само со една цел: за да можат на крајот да ви ја заблажат душата со некој вкусен и недолив домашен десерт.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.