Охридско Езеро

Еден од најубавите подароци на природата во Европа се Охридското Езеро и неговата околина. Доволно е само да го видите како мирува од далечина, да ги чуете брановите и да се загледате во бескрајното синило за да се вљубите во него.

Охридското Езеро е старо меѓу 4 и 10 милиони години, и со тоа е најстаро на нашиот континент. На прв поглед може да ве збуни со својата големина, па да помислите дека е море. Површината изнесува 358,2 km2

 

Ohrid

 

Езерото го карактеризираат подводни врутоци и извори што се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег, па затоа водата е неверојатно бистра. Проѕирност на некои места достигнува дури 22 метра. Најголем дел од површинските извори се наоѓаат кај манастирот „Св. Наум“, а во непосредна близина на градот Охрид е еден од најпознатите извори – Студенчишта, познат како Билјанини Извори.

Во езерото живеат повеќе од 200 видови ендемски организми, а некои од нив се неизменети од времето на терцијарот. Тоа се четирите вида сунѓери, од кои најпознат е еднемскиот трклезен сунѓер, реликтините видови полжави, реликтни видови алги, а едно од најспецифичните растенија е подводното растение „хара“. Инаку, градот и езерото се заштитени како природно-културно богатство од УНЕСКО.

Охридското Езеро е, всушност, најголем спортски терен во Македонија. Претставува идеално место за организација пливачки натпреварувања и регати. Едрењето е еден од најстарите спортови на ова езеро, а првата едрилица е направена во далечната 1940 година.

Здружете се со ветрот и дозволете му да биде ваш двигател по водите на едно од најстарите и најубави езера во светот.

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.